Семинар 16.05.2024
ДАЛИ РАБОТНИКОТ МОЖЕ ДА РАБОТИ НАД ПОЛНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ КАЈ ДРУГ РАБОТОДАВАЧ? КАКВА СОГЛАСНОСТ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО РАБОТЕЊЕ? КОИ СЕ ОБВРСКИТЕ НА ПОСТОЈНИОТ РАБОТОДАВАЧ? КАКО СЕ РЕГУЛИРАНИ ПРЕКУВРЕМЕНАТА И НОЌНАТА РАБОТА?

Онлајн семинар


Стопанската комора на Северна Македонија, на 16.5.2024, организира еднодневна онлајн работилница која ќе одговори на следните прашања: ДАЛИ РАБОТНИКОТ МОЖЕ ДА РАБОТИ НАД ПОЛНОТО РАБОТНО ВРЕМЕ КАЈ ДРУГ РАБОТОДАВАЧ? КАКВА СОГЛАСНОСТ Е ПОТРЕБНА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО РАБОТЕЊЕ? КОИ СЕ ОБВРСКИТЕ НА ПОСТОЈНИОТ РАБОТОДАВАЧ? КАКО СЕ РЕГУЛИРАНИ ПРЕКУВРЕМЕНАТА И НОЌНАТА РАБОТА? КОИ СЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ПРОБНА И НА СЕЗОНСКА РАБОТА?

Дополнителното работење е законска можност за работниците да остварат поголем фонд на работни часови во неделата од оној предвиден како полно работно време. Но, многу често се создаваат дилеми кај работодавачите во поглед на тоа како формално да се спроведе овој институт, кои документи да се донесат и како да се пријави работникот. Се поставуваат и прашања како од една страна да се заштитени правата на работникот, а од друга да не се наруши неговата продуктивност.

Следејќи ја нишката на одредени специфичности поврзани со работното време и обврските кои тие ги диктираат, ќе ги анализираме прекувремената и ноќната работа, како и прераспределбата на работното време.
Како една од се` поактуелните теми, ќе се посочи и можноста за спроведување пробна работа во склоп на постоечкиот договор за вработување, ќе се потенцира нејзиното времетраење, како и последиците од неуспешното завршување на пробната работа.
Крајно, во делот за сезонската работа, ќе се објаснат сите разлики во работниот однос кои се креираат во процесот на спроведување сезонска работа.
Работилницата ќе има интерактивен пристап со практични објаснувања и примери.

ПРОГРАМА
I.    ДОПОЛНИТЕЛНО РАБОТЕЊЕ
-    Постојан наспроти друг работодавач;
-    Услови за дополнително работење;
-    Фонд на часови и претходна согласност;
-    Остварување на права и обврски;
-    Престанок на дополнителното работење;

II.    ДОПОЛНИТЕЛНО РАБОТЕЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА НЕСРЕЌА
-    Обврска на работникот;
-    Услови.

III.    ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА И РАБОТА НОЌЕ
-    Поим и основи за воведување на прекувремена работа и работа ноќе;
-    Времетраење на прекувремената работа и работа ноќе;
-    Бонус за прекувремени часови;
-    Посебна заштита на работниците кои работат ноќе.

IV.    ПРЕРАСПРЕДЕЛБА И РАСПОРЕДУВАЊЕ НА РАБОТНО ВРЕМЕ
-    Поим и начин на прераспределување на работното време;
-    Разлика помеѓу прераспределено работно време и прекувремена работа;
-    Исклучоци од можноста за прераспределба на работното време;
-    Распоредување и услови за времено прераспоредување на работното време;
-    Неопходност од писмено известување до работникот;
-    Услови за спроведување на распоредување и времено прераспоредување на работното време.

V.    ПРОБНА РАБОТА
-    Договорање пробна работа;
-    Времетраење и надоместок;
-    Отказен рок за време на пробна работа;
-    Специфичности на пробна работа при вршење сезонска работа.

VI.    СЕЗОНСКА РАБОТА
-    Услови за спроведување и специфичности.


Предавач:
-    Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 14.5.2024 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.05.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 29.05.2024
Еднодневна онлајн работилница на тема: ВО КОИ СИТУАЦИИ ГОДИШНИОТ ОДМОР СЕ ДОИСКОРИСТУВА ДО 30-ТИ ЈУНИ? ОД КОГА ЗАПОЧНУВА ДА ТЕЧЕ НОВИОТ ОДМОР? КОГА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ОДМОР? ДАЛИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ИСПЛАТИ НАДОМЕСТОК
Семинар, 04.06.2024
„СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ПРЕГОВОРИ И НИВНА РЕАЛИЗАЦИЈА“
Семинар, 11.06.2024
ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНО ВРЕМЕ, НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА И ПРЕРАСПОРЕДУВАЊЕ, ГОДИШЕН ОДМОР, НАДОМЕСТ НА ПЛАТА, ДИЛЕМИ ПРИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ СО КОИ СЕ СОЧУВАМЕ СО НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ
Семинар, 11.06.2024
Специјалистички еднодневен семинар: АКВИЗАЦИЈА НА НОВИ КЛИЕНТИ - СТЕКНУВАЊЕТО НА НОВИ ПОТРОШУВАЧИ КАКО КЛУЧНА МОЖНОСТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА -
Семинар, 11.06.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Брокерски настан, 12.06.2024
Деловни средби со физичко присуство „Овозможување на напредок: Индустрија 4.0 во Западен Балкан-12-13 јуни 2024 година, Нови Сад, Р.Србија
Семинар, 12.06.2024
„КОМУНИКАЦИЈА ЗА УСПЕХ, РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ И СТРЕС МЕНАЏМЕНТ НА РАБОТНОТО МЕСТО“
Семинар, 13.06.2024
НАПРЕДЕНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ ЗА БРЗО КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network
Семинар, 18.06.2024
ЕРГОНОМИЈА КАКО ОСНОВА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ОД МУСКУЛОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА
Семинар, 18.06.2024
КАКО ДА КРЕИРАТЕ РАЗЛИЧНИ CONTENT ФОРМАТИ ЗА ВАШИТЕ УСЛУГИ?