Online Бизнис средби 17.04.2024 - 18.04.2024 Покана за учество на меѓународни Б2Б средби што ќе се одржат на 25. Меѓународен економски саем Мостар 2024 година, на 17 и 18 април 2024 година во хибриден формат (на лице место и онлајн) - ЕЕН мрежа

Мостар, Босна и Херцеговина



Стопанската комора на Северна Македонија, во рамки на ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи и во соработка со ИНТЕРА-Технолошки парк од Мостар, БиХ, Ве покануваат да земете учество на меѓународните Б2Б средби што ќе се одржат на 25. Меѓународен економски саем Мостар 2024 година, на 17 и 18 април 2024 година во хибриден формат (на лице место и онлајн).

Овие Б2Б средби се единствена можност за да се најдат добавувачи, партнери, клиенти или нови деловни контакти кои можат да отворат нови деловни можности за соработка со малите и средни претпријатија од Босна и Херцеговина и пошироко, од регионот на Западен Балкан.

Искористете ги предностите на една или двете Б2Б средби достапни на:

* 17 април 2024 година (среда), Б2Б средби ќе се одржат на лице место од 10:30 до 18:30 часот во Павилјон 1, Конференциска сала 3.

18 април 2024 година (четврток), Б2Б средби ќе се одржат онлајн - на платформата за настани B2match, во следните сектори

• Градежна индустрија;

• Циркуларна зелена економија;

• Автомобилска индустрија;

• Електрична индустрија;

• Метална индустрија;

• Земјоделство и прехранбена индустрија;

• Дрвна и хемиска индустрија;

• Телекомуникации и технологија;

• Банкарство;

• Графика и издаваштво.

Зошто да учествувате?

Б2Б средбите се најефективниот начин за идентификување на меѓународни партнери. Изберете ги вашите состаноци според вашите потреби врз основа на информации за другите учесници.

Зошто да учествувате?

  • Најдете нови деловни партнери и клиенти
  • Поврзете се со регионот
  • Истражете ги новите технологии
  • Зајакнете го вашиот статус на пазарот
  • Дознајте за позитивни практики и проекти

Учеството на Б2Б средбите е бесплатно, а регистрацијата е задолжителна преку платформата Registration | International B2B meetings at Mostar fair 2024! – HYBRID EVENT (b2match.com).

Краен рок за регистрирање:

  • 15 април 2024 година: Краен рок за регистрација на учесници на лице место и онлајн, креирање деловен профил и резервација на Б2Б состаноци
  • 17 април 2024 година: B2B состаноци на лице место на меѓународни Б2Б состаноци на саем во Мостар 2024 година
  • 18 април 2024: Онлајн B2B состаноци на меѓународни Б2Б состаноци на Мостар саем 2024 година

Подетални информации во врска со настанот можете да најдете на нивната официјална веб-страна: https://www.b2match.com/e/international-b2b-meetings-at-mostar2024/components/39308

 

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.05.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 29.05.2024
Еднодневна онлајн работилница на тема: ВО КОИ СИТУАЦИИ ГОДИШНИОТ ОДМОР СЕ ДОИСКОРИСТУВА ДО 30-ТИ ЈУНИ? ОД КОГА ЗАПОЧНУВА ДА ТЕЧЕ НОВИОТ ОДМОР? КОГА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ОДМОР? ДАЛИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ИСПЛАТИ НАДОМЕСТОК
Семинар, 04.06.2024
„СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ПРЕГОВОРИ И НИВНА РЕАЛИЗАЦИЈА“
Семинар, 11.06.2024
ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНО ВРЕМЕ, НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА И ПРЕРАСПОРЕДУВАЊЕ, ГОДИШЕН ОДМОР, НАДОМЕСТ НА ПЛАТА, ДИЛЕМИ ПРИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ СО КОИ СЕ СОЧУВАМЕ СО НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ
Семинар, 11.06.2024
Специјалистички еднодневен семинар: АКВИЗАЦИЈА НА НОВИ КЛИЕНТИ - СТЕКНУВАЊЕТО НА НОВИ ПОТРОШУВАЧИ КАКО КЛУЧНА МОЖНОСТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА -
Семинар, 11.06.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Брокерски настан, 12.06.2024
Деловни средби со физичко присуство „Овозможување на напредок: Индустрија 4.0 во Западен Балкан-12-13 јуни 2024 година, Нови Сад, Р.Србија
Семинар, 12.06.2024
„КОМУНИКАЦИЈА ЗА УСПЕХ, РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ И СТРЕС МЕНАЏМЕНТ НА РАБОТНОТО МЕСТО“
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network
Семинар, 18.06.2024
ЕРГОНОМИЈА КАКО ОСНОВА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ОД МУСКУЛОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА
Семинар, 18.06.2024
КАКО ДА КРЕИРАТЕ РАЗЛИЧНИ CONTENT ФОРМАТИ ЗА ВАШИТЕ УСЛУГИ?