Саем 18.02.2024 - 23.02.2024 „45. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ“ на Белградски саем, Р Србија, 22-23 февруари 2024 година

хала 1 на Белградскиот саем , Србија



ПОКАНА

45. МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ТУРИЗАМ

И ДЕЛОВНИ СРЕДБИ“

https://belgradetourismfair.talkb2b.net/

22-23 февруари 2024 година

Белградски саем

Булевар „Војвода Мишиќ“ 14, 11 000 Белград, Р Србија

Почитувани,

Стопанската комора на Србија и Стопанската комора на Северна Македонија, во рамки на Европската мрежа на претприемачи, ве покануваат да го посетите 45. Меѓународен саем за туризам и да учествувате на деловните средби, кои ќе се одржат во периодот од 22-23 февруари 2024 година во Белград, Р Србија.

Саемот за туризам претставува една од најголемите туристички манифестации во регионот и Југоисточна Европа, со над 40-годишна традиција согласно светските стандарди, градејќи партнерски однос меѓу изложувачите и посетителите.

Меѓународниот саем за туризам ИТФ, е еден од традиционалните бизнис настани на Белградскиот саем и на целата српска туристичка индустрија, и на последниот туристички собир беше домаќин на повеќе од 600 изложувачи од 30 земји, 36.742 посетители и 1.000 акредитирани новинари од дваесет земји.

Овој најпосетуван саем за туризам во регионот и пошироко преку голем број деловни гости и B2B активности (над 500 одржани закажани состаноци) претставува значаен пазар од неколку десетици милиони потенцијални туристи.

Секоја година, специјално избрани туристички агенции од странство и земјата закажуваат состаноци со излагачите и купуваат групни аранжмани. Состаноците се одржуваат во посебната област „B2B Meetings“ (сала 1) и лесно се закажуваат со користење на оваа уникатна B2B платформа специјално создадена за потребите на настанот.

Сите заинтересирани учесници своето учество може бесплатно да го пријават најдоцна до 18.02.2024 година (вторник), со регистрација директно на следниот линк:

https://belgradetourismfair.talkb2b.net/app/register

 22.02.2024 од 11:30h до 17h

23.02.2024 од 10:30   до 17h

Регистрацијата за учество на билатералните средби е бесплатно, а трошоците за патување, сместување и влезница за Саемот се на товар на учесниците.

Само за излагачите на Саемот, влезницата е бесплатна.

Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Даниела Михајловска Василевска
++ 389 2 3244021, М. 072 220 037

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан