Семинар 06.12.2023 БЕЗБЕДНА РАБОТА НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ –

Сала 1 на 5-ти кат, Стопанска комора С.Македонија



Стопанската комора на Северна Македонија на 6 декември 2023 година во соработка со Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, организира еднодневен семинар на тема: БЕЗБЕДНА РАБОТА  НА НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ  – ПРЕВЕНЦИЈА, МЕРКИ, ПРЕПОРАКИ –

Обуката e дизајнирана да одговори на потребите на стручните лица за безбедност при работа и работодавачите при имплементација на одредбите од Законските и подзаконските акти , при тоа запазувајќи ги обврските кои обезбедуваат безбедна работа на отворено – работа на ниски температури кои би биле причина за загрозување или нарушување на здравјето и животот на вработените во работната средина. 
Преку низа на системски алатки кои се користат за подобрување на процесот и /или системот за управување и следење на условите на реализација на работните задачи на вработените на нивните работни места, а имајќи ги во предвид обврските кои произлегуваат пред се од Законот за безбедност и здравје при работа и неговата тесна поврзаност со Законот за Здравстена заштита, ќе се дефинираат активности кои се во надлежност пред се на работодавачот, на стручните лица за безбедност при работа, на ДИТа и обврските на самите вработени во дадени ситуации.

Која е целта на семинарот?

Целта на семинарот е да се обезбедат потребните знаења и вештини за безбедна и здрава работа во услови на ниски температури, одредување на начини на справување со потенцијалните ризици и предизвици кои можат да се појават при работа на отворен или затворен простор со што  ќе може да се намалат ризиците од повреди и заболувања поврзани со работа на ниски температури. Ова ќе помогне да стручните лица дадат насоки за поефикасно и побезбедно работење, што ќе допринесе за добро самочувство на работното место.

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за стручни лица за безбедност при работа како и лица кои на било кој начин и по која било основа се вклучени во организирање на работата во внатрешна и надворешна средина на ниски температури и кои ги следат препораките согласно Законот за БЗР. 
Начин на работа:
Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските кои произлегуваат од Законските и подзаконските акти за елеминирање на причините за загрозување или нарушување на здравјето и животот на вработените во работната средина.

ПРОГРАМА

•    Потенцијални опасности и штетности кои можат да се појават при работа на ниски температури на отворен или во затворен простор;

•    Обврски кои произлегуваат од Законски и подзаконски акти:
      -    реализација на работни активности на ниски температури 
      -    работа на отворен простор (зимски услови) 
      -     работа во затворен простор  (ладилници, комори и сл.)

•    Влијание на ниските температури и последици кои ги предизвикуваат по здравјето на вработените; 

•    Tехнички и организациони мерки за елиминирање или ублажување на влијанието на ниските температури врз здравјето на вработените;

•    Практичен пример
 

Презентери: 
-    Доктор по медицина на труд;              
-    Преставник до Државен инспекторат за труд и  
-    Практичар од компанија, Стручно лице за БР.


Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

  • работен материјал доставен електронски; 
  • ручeк и освежување; 
  • сертификат за присуство на семинарот.     

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 1.12.2023 година.
 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан