Семинар 05.12.2023 - 06.12.2023 ИНТЕРНИ И ЕКСТЕРНИ ЗЛОУПОТРЕБИ - ПРЕВЕНЦИЈА И ОТКРИВАЊЕ - 

„онлајн“-семинар 09:00 - 13:00 часот



Поради сѐ почестата злоупотреба на податоците, како од надворешни така и од внатрешни фактори, се наметнува потребата од јакнење на безбедносните капацитети на организацијата. Со цел навремена превенција и откривање на сомнителните активности и инциденти, кои можат да се спречат преку правилна проценка и преку третман на ризиците, Стопанската комора на Северна Македонија на 5 и на 6 декември 2023 година организира дводневен „онлајн“-семинар на тема: ИНТЕРНИ И ЕКСТЕРНИ ЗЛОУПОТРЕБИ – ПРЕВЕНЦИЈА И ОТКРИВАЊЕ.

Што добиваат учесниците?
На семинарот учесниците ќе бидат запознаени со напредните начини на измами во дигиталниот свет, преку злоупотреба на платежните картички и на набавките, преку виртуелни измами и измами поврзани со електронското банкарство, измами преку мобилни уреди и апликации, измами преку платежни трансакции, штедни и кредитни сметки, како и измами во осигурителните друштва, а сѐ со цел поголема примена на ИТ-системот во превенцијата и во откривањето. Учесниците ќе се запознаат и со напредната анализа на податоците и со поединечната примена на вештачката интелигенција (AI) во одбраната од интерни или од екстерни измами.
Некои од прашањата на кои ќе се даде одговор се и како со помош на податоците кои се наоѓаат во информацискиот систем на компанијата да се воочи и да се спречи злоупотреба; како да се спроведе истрага по откривањето измамнички активности; како да се применат успешната комуникација и методите на испитување за да се разоткрие злоупотребата во целост, како и кои мерки треба да се преземат за намалување на интерните и на екстерните злоупотреби. За време на семинарот ќе се направи анализа на реалните интерни и екстерни злоупотреби.

Цел на семинарот
Целта на семинарот е учесниците да се здобијат со основни и со напредни знаења и разбирања за методите кои може да се користат за откривање и за превенција на интерните и на екстерните измамнички активности.
За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за менаџментот во компаниите, за раководителите и за вработените во службите за откривање и за превенција на злоупотреби; за вработените во ИТ-службите и во службите за безбедност на информатичкиот систем и за управување со усогласеноста; за правната служба и за одговорните лица за заштита на деловните информации и за управување со оперативни ризици; за интерни и за екстерни ИТ-ревизори и за ревизори на деловни процеси; за лицата задолжени за дефинирање и за примена на контрола за превенирање и за откривање интерни и екстерни злоупотреби, како и злоупотреби на платежни системи; за вработените кои управуваат со безбедноста на платежните картички и со дигиталните сервиси за виртуелни и за мобилни плаќања; за вработени кои работат на развој на методологии за превенирање и за ефикасно откривање на измамничките активности, како и за сите оние кои имаат потреба од соодветно управување и спречување злоупотреби и од заштита на клиентите и на секојдневното работење во компаниите.

ПРОГРАМА
Прв ден
1.    Управување со ризиците од измами

  • Методологија за управување со ризици од интерни и од екстерни измамнички активности
  • Видови измамнички активности
  • Закани и ранливост на системот
  • Проценка на веројатноста и на влијанието на дефинираните ризици
  • Анализа и третман на ризиците од злоупотреба

2.    Превенција на измамничките активности    

  • Дефинирање на интерната контрола за превенција од злоупотреби
  • ИТ и безбедносни контроли – документирање и примена
  • Мониторинг и следење на потенцијално сомнителните активности
  • Права на пристап и на работа во апликациите
  • Автентификација, безбедни процеси на активирање корисник и верификација
  • Улогата на ИТ-менаџерите и на лицата задолжени за информациска безбедност во спречувањето на измамничките активности
  • Едукација и обука на вработените    

3.    Откривање измамнички активности    

  • Што кога ќе се случи измама, а што кога ќе се открие
  • Воспоставување интерни контроли за откривање злоупотреби
  • Активен и пасивен пристап
  • Управување со инциденти од интерни и од екстерни измами
  • Методи за откривање сомнителни активности и за воочување измами
  • Примена на информацискиот систем за откривање измамнички активности
  • Тестови за откривање измами – дефинирање на правилата и на тежината
  • Анализа на добиените резултати и создавање шаблони    

Втор ден
1.    Истрага по откривањето измама  

  • Спроведување истрага
  • Детална анализа на случувањата и прибирање докази
  • Успешна комуникација и методи за испитувања
  • Улогата на интерната ревизија во разоткривањето на злоупотребите
  • Иницирање и спроведување вонредна ревизија    

2.    Чекори по откриената измама и по спроведената истрага

  • Што научивме по откривањето на измамничките активности и на спроведената истрага
  • Напредна анализа на податоците
  • Примена на вештачката интелигенција (AI) во спречувањето на измамничките активности
  • Нови тест-сценарија и/или измена на постојните

3.    Примери од праксата

  • Искуства од компании и преземени дејства
  • Злоупотреба на дигитални сервиси – виртуелно и на мобилни уреди
  • Злоупотреба преку набавка и преку складирање стока
  • Злоупотреби во финансискиот сектор – платежни картички, електронско и мобилно плаќање, осигурување, кредити итн.
  • Анализа на измами со штедни, тековни и со кредитни сметки
  • Анализа на примери за добро водење истрага по откривањето интерни измамнички активности 

Предавач
Лука Милинковиќ, менаџер за безбедност, управување и за ризик во компанија за развој и за дизајн на софтверски решенија. Милинковиќ има повеќегодишно искуство со контрола и со управување на електронските ризици, со специјализација во областа на дефинирањето на електронските процеси (ITIL-процеси) и на примена на самата контрола. Со информациска безбедност и со едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, како и во неколку банки во Р Србија. Има работено на развој и на примена на безбедносни методи, мрежни технологии и на алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и на меѓународни научни конференции, а член е и на електронското списание PC Press. Тој е, исто така, сертифициран внатрешен ревизор за управување со ризик ISO/IEC 27001 и ISО 31000.

Работен јазик на семинарот е српски јазик.

За сите учесници ќе биде обезбедено следново:    

  • упатства за приклучување на виртуелниот семинар;
  • работни материјали во електронска верзија;
  • eлектронски сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj виртуелен семинар можат да се пријават најдоцна до 1.12.2023 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан