Семинар 20.09.2023 - 22.09.2023 ОБУКА И СЕРТИФИКАЦИЈА НА МЕНТОРИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

Стопанска комора на С.Македонија



    Со цел зајакнување на врските помеѓу пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Се` поголем е интересот на компаниите да обучат ученици - идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка.          
    Согласно законската регулатива, а и Вашиот искажан интерес за вклучување во процесот на практично обучување на ученици -  дуалното образование,  врз основа на кој беше и подготвен конкурсот за упис на ученици во стручните училишта, неопходно е да имате обучено лице – ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе се подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на учениците.            
            
    За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министeрството за образование и наука го отпочнува процесот на сертифицирање на ментори во вашите компании и верификација на институции со предавачи кои се советници од Центарот за стручно образование. 

    Ве информираме дека тридневната обуката за лицето - ментор од вашата компанија ќе се одржи од 20 до 22 септември 2023 година, и за таа цел Ве молиме навремено да ни ја доставите пополенета пријавата која Ви ја доставуваме во прилог. 

    По завршување на процесот на сертификација на ментор, започнува процесот на верификација на вашата компанија за практична обука (сертифицираниот ментор е еден од критериумите за верификација).


ЦЕЛ НА ОБУКАТА ЗА МЕНТОРИ:

    Целта на оваа програма е да се развијат знаења, вештини, способности, ставови и вредности, односно компетенции кои треба идните обучувачи (во натамошниот текст: ментори) да ги поседуваат за да можат да работат со ученици/учесници  кои изведуваат практична обука кај работодавач, вклучувајќи ги и компетенциите за работа со ученици/учесници со различна попреченост.

    По успешно завршување на Програмата за стручно-дидактичка обука, менторот стекнува знаења, вештини и се оспособува да:

-    го познава образовниот систем, регулативите и одговорностите на учениците/учесниците во обуката;
-    им дава поддршка, да ги мотивира и да придонесува за целосно прифаќање и вклучување во активностите на практичната обука на сите ученици/учесници без разлика на нивната етничка, културна припадност и  нивната попреченост;
-    има сознанија како да комуницира соодветно на возрасната група и како јасно да комуницира со учениците/учесниците со различна попреченост;
-    изработува план за остварување на целите од Програмата за практична обука;
-    ги следи, евидентира и да ги оценува учениците/учесниците во текот на практичната обука;
-    креира безбедно работно место и безбедна работна средина за обука на учениците/учесниците во обуката;
-    врши обука на наставниците по стручно-теоретските предмети и практичната обука кај работодавачот;
-    изработува семинарска работа за планирање на целите од Програмата за практична обука.


* Наставниот план и програма за стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука ги одобри (донесе) министерот за образование и наука со Решение број 17-8909/1 од 9.6.2016 година.


Информации за организираноста на обуката:

•    времетраење на обуката: три дена во траење од вкупно 22 часа;
•    по завршување на обуката, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука, издаден од Стопанската комора на Северна Македонија и Центарот за стручно образование и обука;
•    обезбеден работен материјал кој ќе ви биде доставен на маил;


Обуката е задолжителна, бројот на местата е органичен и затоа ве молиме вашата пријава да ја доставите најдоцна до 19 септевмри 2023 година.
 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Наташа Јаневска
++ 389 2 3244045, M. 072 204 860


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Тренинг обука, 03.10.2023
SEED+ КАМПАЊА ЗА БРЗО УЧЕЊЕ И ОБУКА ЗА ВЕТЕРИНАРНИ СЕРТИФИКАТИ
Семинар, 04.10.2023
ИТ КАТАСТРОФИ И ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТ ВО РАБОТЕЊЕТО - Управување со кризни ситуации – дефинирање, изработка на план за континуитет во бизнисот, тестирање и опоравување -
Семинар, 09.10.2023
СОЗДАВАЊЕ МОДЕЛ ЗА СЕГМЕНТАЦИЈА НА КЛИЕНТИТЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА PYTHON И МАШИНСКО УЧЕЊЕ
Брокерски настан, 10.10.2023
Билатерални деловни средби „Green Days“ во рамките на Саемот за животна средина и енергија „Pollutec“ во Лион, Франција, 10-13 октомври 2023 година, https://green-days-pollutec-2023.b2match.io/
Форум, 12.10.2023
Македонско-австриски бизнис-средби во Стопанската комора на Северна Македонија
Семинар, 17.10.2023
ДОНЕСУВАЊЕ СТРАТЕГИСКИ ОДЛУКИ ВО МАРКЕТИНГОТ:  ОБУКА ЗА АНАЛИТИКА ЗА УСПЕХ 
Online Бизнис средби, 24.10.2023
“Energy Business Meetings at OMC 2023”-Деловни средби за енергетика https://omc2023.b2match.io/ (xибриден настан), Равена, Италија