Семинар 29.05.2023 EMPLOYEE ADVOCACY - КАКО ДО НАЈДОБРИ МАРКЕТИНГ РЕЗУЛТАТИ ЗАЕДНО СО ВАШИТЕ ВРАБОТЕНИ

Стопанска комора на С.Македонија



Стопанската комора на Северна Македонија на 29 мај (понеделник) 2023 година организира еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: EMPLOYEE ADVOCACY - КАКО ДО НАЈДОБРИ МАРКЕТИНГ РЕЗУЛТАТИ ЗАЕДНО СО ВАШИТЕ ВРАБОТЕНИ. Стандардната промоција на компаниите повеќе не е доволен репер за тоа дали една компанија е добар работодавец или не. Сите напори вложени во Employer Branding и промоција на брендот се недоволни доколку истовремено не се води активна Employee Advocacy програма каде самите вработени ги поддржуваат и поткрепуваат тврдењата кои компанијата сама ги пласира преку промотивните пораки. Employee Advocacy е пристап кој од вашите вработени создава амбасадори на вашата компанија. Преку разработени техники, тие се поттикнуваат и мотивираат да споделуваат за компанијата, давајќи поширока и порелевантна слика за работењето и достигнувањето на компанијата.
Интерактивниот семинар се фокусира на запознавање со Employee Advocacy како концепт, совладување на најпопуларните техники на поттикнување на advocacy и осознавање на причините за успех на компаниите кои имаат развиени Employee Advocacy системи.

Која е целта на семинарот:

Семинарот има за цел да ги запознае посетителите со овој начин на екстерна комуникација, да претстави методи и техники за нејзино поттикнување и да ги подготви посетителите самите да ги спроведуваат во склоп на нивните компании или организации.

За кого е наменет семинарот?

Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг и PR секторите во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација. Семинарот е на почетничко ниво – за посетители кои не се запознаени со тематиката или имаат само мало почетно знаење.
Начин на работа:
Овој семинар е наменет за претставници на маркетинг и HR секторите во компаниите, како и лица задолжени за екстерна комуникација. Семинарот е на почетничко ниво – за посетители кои не се запознаени со тематиката или имаат само мало почетно знаење/искуство.

ПРОГРАМА
ПРВ ДЕЛ:

Запознавање со Employee Advocacy
-    Дефинирање на термин;
-    Дефинирање на потреба;
-    Што може да добиете со воведување на Employee Advocacy – студии на случај.

ВТОР ДЕЛ:

Примена на Employee Advocacy
-    Employee Advocacy тактики;
-    Развивање на систем за Employee Advocacy во вашата компанија;
-    Подготовка на Employee Advocacy за компанијата:

  • Анализа и планирање;
  • Дефинирање на цели;
  • Изработка на водичи;
  • Интерна едукација;
  • Интерна организација;
  • Следење и мерење на резултати.

ТРЕТ ДЕЛ:

Практична примена на презентираното:
-    Анализа на онлајн присуство на бренд;
-    Дефинирање на цели за Employee Advocacy;
-    Изработка на 1 тактика за Employee Advocacy за компаниите на посетителите;
-    Презентирање на сработеното.

- Прашања и коментари.

Предавач: 
Ива Дујак e доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Партнер и креативен директор на маркетинг агенцијата Brand Union, каде е задолжена за стратешки развој и комуникација на бројни локални интернационални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk,  со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Штип, бројни невладини организации и академии.
За време на семинарот учесниците е потребно да бидат вклучени на лап топ или персонален компјутер за да можат да го следат истиот.
За сите учесници на „он-лајн“ семинарот ќе биде обезбедено:

  • Електронски работен материјал; 
  • Електронски сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 25.05.2023 година.
 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 20.05.2024
„МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?”
Семинар, 21.05.2024
“ФИНАНСИСКО МОДЕЛИРАЊЕ И СЦЕНАРИО АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА ЕКСЕЛ”
Семинар, 28.05.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 29.05.2024
Еднодневна онлајн работилница на тема: ВО КОИ СИТУАЦИИ ГОДИШНИОТ ОДМОР СЕ ДОИСКОРИСТУВА ДО 30-ТИ ЈУНИ? ОД КОГА ЗАПОЧНУВА ДА ТЕЧЕ НОВИОТ ОДМОР? КОГА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ОДМОР? ДАЛИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ИСПЛАТИ НАДОМЕСТОК
Семинар, 04.06.2024
„СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ПРЕГОВОРИ И НИВНА РЕАЛИЗАЦИЈА“
Семинар, 11.06.2024
Специјалистички еднодневен семинар: АКВИЗАЦИЈА НА НОВИ КЛИЕНТИ - СТЕКНУВАЊЕТО НА НОВИ ПОТРОШУВАЧИ КАКО КЛУЧНА МОЖНОСТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА -
Семинар, 11.06.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Брокерски настан, 12.06.2024
Деловни средби со физичко присуство „Овозможување на напредок: Индустрија 4.0 во Западен Балкан-12-13 јуни 2024 година, Нови Сад, Р.Србија
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network
Семинар, 18.06.2024
КАКО ДА КРЕИРАТЕ РАЗЛИЧНИ CONTENT ФОРМАТИ ЗА ВАШИТЕ УСЛУГИ?