Семинар 26.01.2023 Еднодневен семинар на тема: „ РАЧНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ТОВАР - ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД НОВИОТ ПРАВИЛНИК – Техничка и медицинска поддршка “

Стопанска комора на С.Македонија, сала 4, 5-ти кат



Стопанската комора на Северна Македонија на 26 јануари 2023 година во соработка со Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје, организира еднодневен семинар на тема: „ РАЧНО ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ТОВАР - ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД НОВИОТ ПРАВИЛНИК – Техничка и медицинска поддршка “.
Оваа обука e дизајнирана да одговори пред се на потребите на стручните лица за безбедност при работа и работодавачите при имплементација на одредбите од новиот Правилник. Преку низа на системски методи и алатки кои се користат за решавање на проблеми, така што крајниот резултат од решавањето на проблемот не е само решен проблем, туку барем едно ниво подобрување на процесот и /или системот за управување. На овој начин би се придонело до градење на свеста кај вработените, дека проблемите се всушност предизвици, т.е. можности за подобрување на процесите и работењето.

Која е целта на семинарот?

Главната цел на семинарот е присутните да се запознаат со релевантните пристапи, т.е. методологии кои се користат за управување со проблемите и за запознавање со чекорите на методологиите кои после оваа обука ќе можат да ја применат на одреден проблем во нивната компанија. Тоа значи дека по завршување на семинарот учесниците ќе можат:

- Да ги разберат барањата на самиот Правилник;
- Да ја препознаат потребатата од примена на ситуации;
- Да се применат методологиите во пракса;

За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за стручни лица за безбедност при работа како и лица кои на било кој начин и по која било основа се вклучени во работата да ги идентификуваат и анализираат настанатите проблеми при рачно пренесување на товар, а со цел решавање на истите преку дефинирање на корективни мерки и мерки за подобрување и намалување на  ризикот и истиот во иднина да не се повтори.

Начин на работа:
Овој еднодневен семинар е организиран според принципот на обука, каде што учесниците преку предавања и анализа на студија на случај ќе се стекнат со нови вештини и компетенции и ќе ги подобрат постојните знаења за примената на обврските коипроизлегуваат од новиот Правилник за Безбедност и здравје при работа при рачно пренесување на товар.

ПРОГРАМА
- Правилник за безбедност при работа при рачно пренесување на товар;
- Обврски кои произлегуваат;
- Трудова медицина;
- Техничка примена, методологии, проценка на ризик.

Предавачи:
- Љупчо Кочовски, м-р по безбедност и здравје при работа;
- Борче Стојчевски, м-р по безбедност и здравје при работа и Стручно лице по БЗР;
- Др. Гоце Младеновски, Специјалист по медицина на трудот и интерна медицина, Стручно лице за БЗР.

Оваа обука според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истата, Ви доставува Здружението на инженери за заштита ТУТЕЛА, Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 - работен материјал доставен електронски;
 - ручeк и освежување;
 - сертификат за присуство на семинарот.  

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 23.01.2023 година.

 
Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015