Стопанска Комора на Северна Македонија Ве информира Повик за Програмата за претприемачи – Битов (Битов/CESO за експертска поддршка на компании
➢ ОГЛАС (14.09.2022, во 16:17:55)
👁 Прочитано: 496




Повик за Програмата за претприемачи – Битов (Битов/CESO за експертска поддршка на компанииКликни за повеќе

Согласно документот за операционализација на соработката помеѓу Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ) и Македонија 2025, задоволство ни е да ве известиме дека е отворен повик за Програмата за претприемачи – Битов (Битов/CESO за експертска поддршка на компании).

Програмата за претприемачи - Битов е основана во соработка со CESO (Canadian Executive Service Organization). СЕЅО е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој која го помага развојот на приватниот сектор. Македонија2025 има заедничка мисија со СЕЅО, да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании. Советниците на СЕЅО, кои се експерти со богати професионални кариери, им помагаат на македонските компании да надминат конкретни предизвици со кои се соочуваат во своето работење и развој. Македонија2025 обезбедува грант за секоја компанија за користење на експертска поддршка од СЕЅО кој ја покрива тарифата за советникот, како и неговиот превоз до Македонија. На компаниите останува да обезбедат сместување, оброци и локален транспорт за советникот.

Повеќе информации за условите кои треба да ги исполнуваат компаниите, како и за начинот за пријавување може да најдете на следниот https://bit.ly/3qhYHPD
Согласно документот за операционализација, Македонија2025 може да обезбеди ексклузивно 4 места во програмата за членките на Комората на годишно ниво.

Служба за информирање при Комората