Почитувани,
Заради ефикасно остварување на специфичните интереси на приватниот сектор во насока на унапредување на компетенциите и вештините на високообразовните кадри во согласност со потребите на бизнисот, во Стопанската комора на Северна Македонија од неодамна функционира Совет за унапредување на високото образование. Овој Совет има три приоритетни цели кои се состојат во развивање и унапредување на три програми:
- Клуб на менаџери-претприемништво и лидерство - со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа на бизнис-лидери (почеток 9 декември 2021 година),
- Развој на мали и средни бизниси и старт ап бизниси - со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Модул за развој на мали и средни бизниси како и Модул за развој на старт ап бизниси (почеток на Модулот за мали и средни бизниси на 9 декември 2021 година) и
- Институт за извоз - со едукативни и други настани кои ќе се реализираат преку воспоставување Школа за продуцирање кадри за зголемување на извозот, со крајна цел формирање Институт за извоз (активностите за Изработка на студија за извоз и Платформа за извоз почнуваат во јануари 2022 година додека со Модулот за зголемување на вештините за извоз се започнува од 1 ноември 2022 година).
Првата 6 месечна Програма за претприемништво и лидерство, во рамки на Клубот на менаџери-претприемништво и лидерство, започна на 9 декември 2021 година, согласно предвидените активности планирано е да заврши на крајот на месец мај 2022 година.
Целна група на Програмата: претставници на среден менаџмент од големи и средно-големи компании.
Предавачи: 50-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научна фела со акцент на пренесување на практични ускуства. Предвањата се замислени така да сите модули имаат на почетокот краток теоретски вовед на секоја поттема, потоа следат предавања со практични примери, искуства и менторски пристап од страна на предавачите. Секој модул има свој ментор и на предавањата ќе има голем дел интерактивност и вежби по најнови европски и светски пристапи.
Секој Модул трае по 9 часа од кои последните 2 часа се наменети за дискусија и прашања.
Во прилог следи Програмата на Клубот на менаџери-претприемништво и лидери разработена по модули, теми и предавачи.
* Програмите се ограничени со број на слушатели и организаторот го задржува правото за измена на бројот и распоредот на Програмите
Втората 6 месечна Програма за развој на мали и средни бизниси, во рамки на Клубот на менаџери-претприемништво и лидерство, исто така започна на 9 декември 2021 година, а согласно предвидената агенда планирано е да заврши на 10 јуни 2022 година.
Целна група на Програмата: Виш менаџмент на малите и средните бизниси.
Предавачи: Повеќе од 30-тина реномирани претставници од бизнис секторот, академската и научна фела со акцент на пренесување на практични искуства. Предвањата се замислени така што сите модули имаат на почетокот краток теоретски вовед на секоја подтема, потоа следат предавања со практични примери, искуства и менторски пристап од страна на предавачите. Секој модул има свој ментор и на предавањата ќе има голем дел интерактивност и вежби по најнови европски и светски пристапи.
Секој Модул трае по 9 часа од кои последните 2 часа се наменети за дискусија и прашања.
Во прилог следи Програмата за развој на мали и средни бизниси разработена по модули, теми и предавачи.
* Програмите се ограничени со број на слушатели и организаторот го задржува правото за измена на бројот и распоредот на Програмите