ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ - ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ: “ПОДДРШКА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ЗА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА”
👁 Прочитано: 1860





ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ - ПРОЕКТНА АКТИВНОСТ: “ПОДДРШКА НА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ЗА РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА”Кликни за повеќе

I. ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ ЗА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИ КОМПАНИИ

Стопанската комора на Северна Македонија во рамките на проектот за Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција/ Private Sector Regional Integration Support Activity поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) објавува 4 активни повици.

Целта на повиците е зголемување на конкурентноста на македонските компаниии и поддршка во процесот на развивање на нивните извозни капацитети.
 
1.    ПОДДРШКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ИЗВОЗНИ АКТИВНОСТИ И ОСВОЈУВАЊЕ НА НОВИ ПАЗАРИ ПРЕКУ ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА/ПЛАН ЗА ИЗВОЗ
 
2.    ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ПРИ ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДЕЛОВНИ ПРОЦЕСИ ПРЕКУ ИЗРАБОТКА НА ДИГИТАЛНИ РЕШЕНИЈА И АЛАТКИ 
 
3.    ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ВО ПРОЦЕС НА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ И КОУЧИНГ ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ ЗА КВАЛИТЕТ И ЦИРКУЛАРНА ЕКОНОМИЈА 
 
4.    ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ПРИСТАП ДО ГРАНТОВИ ПРЕКУ ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТНИ АПЛИКАЦИИ 

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 22.05.2024 година.

Заинтересираните компании треба да аплицираат со пополнување на формуларот прикачен во повикот.

Повеќе информации за проектот можете да прочитате тука.


II. ПОВИК ЗА НАБАВКА НА ИТ ОПРЕМА

За потребите на Стопанската комора на Северна Македонија во рамки на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција/ Private Sector Regional Integration Support Activity“, имплементиран од Стопанската комора на Северна Македонија и поддржан (ко-финансиран) од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) согласно Договор за соработка Бр. 72016522CA00001 УСАИД Проект за поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција, се објавува барање за понуди за набавка на ИТ опрема која се состои од набавка на: персонални компјутери, мултифункционални печатачи и дигитални камери, смарт ТВ екран и аудио опрема.

Интегралниот текст на повикот и техничката спецификација може да го погледате на следниот ЛИНК 

Крајниот рок за доставување на понудата е 05.06.2024 година до 15:00 часот

м-р Ивана Анчев
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување