Сивата економија сериозно го поткопува легалниот бизнис
➢ Актуелно (02.04.2024, во 10:27:00)
👁 Прочитано: 862



Габриела Кулебанова, претседател на Центарот за микро, мали и средни претпријатија во интервју за Слободен печат
Сивата економија сериозно го поткопува легалниот бизнисКликни за повеќе

Формирањето на овој Центар  преставува вистинскиот пат за да се дојде до зголемена економска и подобрена економска активност на самите компании. Имено компании располагаат со кадровски потенцијал, од една страна и формирањето на Центарот преставуваше место каде што ќе се обединуваат нивните заеднички интереси, искуства и потреби, од друга страна – истакна Габриела Кулебанова, претседателка на Центарот за мали, микро и средни претпријатија при Стопанската комора на Република Северна Македонија во утринската емисија „Слободен печат“.

Ваквата форма на делување на Центарот во рамките на Комората претставува и клучен предизвик како да им се помогне на микро и малите претпријатија да остварат раст и да придонесуваат во поголема мера кон националната вработеност и да креираат додадена вредност.

Стопанската комора на Северна Македонија при формирањето на овој Центар ја имаше во предвид улогата на микро, малите и средни претпријатија во вкупната економска активност на државата и нивното големо значење за економијата во една земја, особено ако се има во предвид фактот дека се доминантни со учество пд 99,6% од вкупниот број на активни деловни субјекти во државата, а истовремено се и најголемите работодавачи, обезбедувајќи околу 70% од вкупниот број на вработени лица во државата. Од друга страна учеството на микро, малите и средни претпријатија во додадената вредност е со многу помал процент во вкупната додадена вредност споредено со големите компании.

 

Служба за информирање при Комората