УПАТСТВОТО ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЦЕСОТ НА ПРАКТИЧНО ОБРАЗОВАНИЕ - ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА
➢ Актуелно (07.02.2024, во 09:17:00)
👁 Прочитано: 443




УПАТСТВОТО ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ САМОЕВАЛУАЦИЈА НА ПРОЦЕСОТ НА ПРАКТИЧНО ОБРАЗОВАНИЕ - ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ ВО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА УЧЕЊЕТО ПРЕКУ РАБОТА Кликни за повеќе

Обезбедувањето стручен и квалификуван кадар е еден од приоритетите во делувањето на Стопанската комора и затоа активно работи на подобрување на квалитетот на стручното образование и реализацијата на учењето преку работа кај работодавач, каде учениците имаат можност практично да го развиваат знаењето и своите стручни вештини. Стручниот кадар придонесува за додадената вредност на компаниите, а тоа е зголемена продуктивност и квалитет во нивите производи и услуги.

Тргнувајќи од потребата за проценка на степенот на ефективност и ефикасност од реализацијата научењето преку работа, примената на  прописите, упатствата/насоките и другите акти, нивото на свесност и задоволство кај наставниците за учење преку работа, учениците, родителите/старателите и работодавачите, Комората заедно со партнерите во овој процес, Центарот за стручно образование и обука, Занаетчиската комора на Скопје и Државниот просветен инспекторат со поддршка на  Проектот „Образование за вработување во Северна Македонија (E4E@mk)“ започна работни средби за развивање на документот: „Упатство за спроведување самоевалуација на процесот на практичното образование“, процес кој треба да го спроведуваат средните стручни училишта и работодавачите на секои две години.

Упатството е корисен документ и за спроведување надворешна евалуација на процесот на организација и реализација на учењето преку работа, процес кој треба да го спроведуваат Центарот за стручно образование и обука и коморите на секои три години, со цел детектирање на предизвициите при реализацијата на учењето преку работа и предлагање мерки и активности за решавање на предизвиците и за подобрување на квалитетот во реализацијата на учењето преку работа.

На креирањето на овој документ му предходеше процесот на пилотирање на инструментите за самоевалуација, а документот ќе претставува корисна алатка за сите учесници вклучени во реализацијата на учењето преку работа како да ги организираат и спроведуваат процесите на самоевалуација (внатрешна евалуација) и на надворешна евалуација што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на средното стручно образование.

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората