ОБУКИ ЗА МЕНТОРИ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО КОМПАНИЈА
➢ Актуелно (15.09.2023, во 14:58:00)
👁 Прочитано: 1890




ОБУКИ ЗА МЕНТОРИ ЗА ПРАКТИЧНА ОБУКА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО КОМПАНИЈАКликни за повеќе

Практичната обука е суштината на стручното образование. Taa e значајна алка во процесот која што ќе им помогне на учениците да ги стекнат вештините што им се потребни за да се снајдат на работното место. Истовремено ќе ја поттикне нивната продуктивност и одговорност. Но, практичната обука не претставува стихијна работа, туку процес во кој мора да бидат вклучени сите за да се постигне целта и да се осигура квалитет.

Првиот чекор за квалитет во реализација на практичната обука во компанијата е обезбедување ментор од редот на вработените во компанијата. Менторите се обучени лица, одговорни за учениците во компанијата, кои ги водат учениците низ работниот процес, го споделуваат нивното искуство и знаење со учениците и го следат нивниот напредок во опособување на учениците со вештини и компетенции. За да можат да станат ментори на ученици, задолжително мора да поминат обука за ментори, организирана од страна на Стопанската комора за да се стекнат со сертификат за ментор. Обуката ги подготвува менторите како да му пристапат на ученикот и како да ги изберат методите со кои ќе се усоврши ученикот за понатамошна работа. 

Вториот чекор е подготовка на соодветна Програма за практична обука во согласност со наставната програма за соодветната квалификација. Квалитетно подготвената програма е резултат на квалитетната обука за ментори и на посветеноста на менторот за рализација на практична обука.

Третиот чекор е верификација на компанијата за реализација на практична обука на ученици, односно проверка на исполнетоста на просторните и техничките услови на компанијата, како и поседување на соодветни алати и опрема за стекнување на соодветната квалификација. Проверката за исполнетоста на условите за реализација на практичната обука ја врши Комисија, формирана од Стопанската комора.

     

За таа цел, со поддршка на проектот „Образование за вработување“, а во организација на  Стопанската комора, во просториите на Комората, беше одржана третата по ред, регионална обука со физичко присуство на лица од компании, ментори. Првите две обуки организирани од Стопанската комора, беа одржани во Регионалниот центар за стручно образование и обука „Моша Пијаде“ Тетово и во техничкото средно училиште „Гостивар“ од Гостивар.  

Служба за информирање при Комората