Отворен повик за компаниите од ЗБ6 за учество на Регионален натпревар Коморскиот инвестициски форум (КИФ) ги поканува компаниите од регионот на Западен Балкан (ЗБ6) да учествуваат на Отворениот повик за регионален натпревар
➢ КИФ - Отворени повици (18.01.2023, во 14:43:00)
👁 Прочитано: 624




Коморскиот инвестициски форум (КИФ) ги поканува компаниите од регионот на Западен Балкан (ЗБ6) да учествуваат на Отворениот повик за регионален натпревар  Кликни за повеќе

Коморскиот инвестициски форум на шесте земји од Западен Балкан (КИФ) е заедничка иницијатива на стопанските комори од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, од Северна Македонија, Црна Гора и од Србија, која ги претставува интересите на повеќе од 350.000 компании, со мисија да ја поврзе деловната заедница од регионот и да овозможи обединет глас на бизнисот во регионот.

По повод пет години од формирањето на заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан 6, со поддршка на Европската комисија, објавува отворен повик за учество на регионалниот натпревар за компании од шесте земји на Западен Балкан.

Категории и критериуми за учество

Категории

Компаниите од регионот на Западен Балкан ќе имаат можност да се натпреваруваат во следните 6 категории:
I. Водечки (шампион) инвеститор во земјите од Западен Балкан (1 награда)
II. Компанија со најголем раст на извозот во регионот за 2022 година (6 награди, по 1 за секоја земја)
III. Шампион за заштита на животната средина во регионот на Западен Балкан (6 награди, по 1 за секоја земја)
IV. Дигитален шампион во регионот на Западен Балкан (6 награди, по 1 за секоја земја)
V. Успешен снабдувач во регионалниот синџир (1 награда)
VI. Најиновативна компанија во регионот на Западен Балкан (1 награда)

Критериуми

Документи потребни за учество во избраната категорија:

1. Во однос на категоријата Водечки (шампион) инвеститор во земјите од Западен Балкан, потребно е да компаниите да приложат писмена потврда/ документ кој ќе содржи информации за вкупната големина на инвестициите во конкретната земја од Западен Балкан (со именување на секоја земја поединечно). Ќе се разгледуваат само инвестициите реализирани во последните пет години. Инвестициите во повеќе од една од земјите на Западен Балкан ќе се сметаат за предност.

2. Во однос на категоријата Компании со најголем раст на извозот во регионот за 2022 година, се очекува компаниите да приложат писмена потврда/документ кој ќе содржи информации за нивниот вкупен извоз, вредноста и за растот на извозот во земјите од Западен Балкан (со наведување на секоја земја поединечно), споредувајќи ја 2021 со 2022 година.

3. Во однос на категоријата Шампион за заштита на животната средина во Западен Балкан, ќе се земат предвид компаниите кои придонеле најмногу во областа на заштитата на животната средина во последните 3 години (2020, 2021, 2022). Ќе се земат предвид и достигнувањата во спроведувањето на целите на Зелената агенда. Како доказ потребно е компаниите да приложат писмена потврда што ќе вклучува информации/докази за дадената активност.

4. Во однос на категоријата Дигитален шампион, ќе се земат предвид компаниите кои најмногу го дигитализирале своето работење во последните 5 години, односно компаниите кои вовеле нови дигитални решенија и дигитални алатки со кои ги подобриле ефикасноста и квалитетот на производите/услугите. Како доказ потребно е компаниите да приложат писмена потврда што ќе вклучува информации/докази за дадената активност.

5. Во однос на категоријата Успешен снабдувач во регионалниот синџир, во процесот на индустриско производство, потребно е компаниите да приложат писмена потврда/документ кој ќе содржи краток опис на процесот на индустриско производство, бројот на трговски партнери од земјите на Западен Балкан, бројот на договори и нивната вредност (во последните 2 години).

6. Во однос на категоријата Најиновативна производствена компанија во Западен Балкан, ќе се земат предвид иновациите што ги имаат воведено компаниите во последните пет години, односно процесот на развој и на комерцијализација на иновативен производ во земјите од Западен Балкан. Како доказ потребно е компаниите да приложат писмена потврда/документ кој ќе содржи информации за обемот на инвестиции во процесот на истражување нов производ, краток опис на процесот на развој на производот, сѐ до добивањето на конечниот производ, како и листа на земји од ЗБ6 во кои тој производ e веќе присутен (максимум 300 зборови).

Кандидатите треба да бидат регистрирани во една од 6-те економии на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Република Северна Македонија, Србија и Црна Гора.

Комисијата составена од по еден претставник од шесте стопански комори на Западен Балкан и од претставник од канцеларијата на Коморскиот инвестициски форум ќе ги разгледа сите апликации и ќе направи избор на наградените компании во дадените категории (вкупно 21).

Рокот за доставување на апликациите истекува на 15 февруари 2023 година во 16:00 часот.

 Линк до апликацијата

м-р Сања Николова
соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување