НА ДЕНЕШЕН ДЕН,26.5.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (26.5 .2023, во 03:42:35)
👁 Прочитано: 144



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,26.5.
26.5.1799 година, роден е Александар Пушкин, руски поет и писател.
26.5.1882 година, германскиот бактериолог Роберт Кох (1843-1910) на собирот на берлинските лекари соопшти дека го открил бацилот што ја предизвикува туберкулозата и оти пронашол лек за оваа болест — тубекулинот. Кох го откри и причинителот на колерата од која во минатите столетија умираа десетици илјади луѓе во светот. За овој труд во 1905 година ја доби Нобеловата награда за медицина.
26.5.1907 година, роден е Џон Вејн, американски глумец.
26.5.1923 година, роден е Хари Џонсон, канадски економист.
26.5.1962 година, роден е Лени Кравиц, американски рок-музичар.
26.5.1972 година, во Москва е потпишан договор меѓу САД и Советскиот Сојуз за ограничување на стратегиското нуклеарно вооружување.
Служба за информирање при Комората