НА ДЕНЕШЕН ДЕН,15.05.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (15.5 .2024, во 06:23:49)
👁 Прочитано: 202



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,15.05.
15.5.1567 година е роден Клаудио Монтеверди, италијански композитор на преодот од ренесансата кон барокот.
15.5.1848 година во Париз работниците го распуштиле уставотворното собрание и формирале револуционерна влада.
15.5.1859 година е роден Пјер Кири, француски физичар и хемичар.
15.5.1891 година е роден Михаил Булгаков, руски писател.
15.5.1965 година е роден Сенко Велинов, македонски глумец.
15.5.1992 година, во Перт, Австралија, е отворен првиот македонски информативен центар надвор од границите на Република Македонија.
15.5.1995 година кај селото Богомила, Велешко, е предадена во употреба првата електроцентрала на реката Бабуна.
Служба за информирање при Комората