НА ДЕНЕШЕН ДЕН,16.04.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (16.4 .2024, во 08:20:23)
👁 Прочитано: 179



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,16.04.
16.4.1889 година е роден Чарли Чаплин, британско-американски филмски глумец и режисер.
16.4.1924 година е роден Стево Теодосиевски, македонски естраден уметник, музички педагог и хуманист.
16.4.1945 година е формирана првата македонска Влада, на чело со Лазар Колишевски.
16.4.1950 година е роден Раде Силјан, македонски поет.
16.4.1961 година е родена Дорис Драговиќ, хрватска и југословенска поп-пејачка.
16.4.1991 година Собранието на Социјалистичка Република Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на Социјалистичка Република Македонија.
Служба за информирање при Комората