НА ДЕНЕШЕН ДЕН,13.02.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (13.2 .2024)
👁 Прочитано: 249



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,13.02.
13.02.1633 година, во Рим, Инквизицијата го уапсила италијанскиот астроном Галилео Галилеј, кој подоцна, под закана од смртна казна, бил принуден да се откаже од своето учење за хелиоцентричниот систем.
13.02.1743 година, роден е Џозеф Бенкс, англиски ботаничар.
13.02.1766 година, роден е Томас Малтус, англиски економист.
13.02.1870 година, роден е Леополд Годовски, полско-американски композитор и пијанист.
13.02.1895 година, Браќата Огист и Луј Лимиер, француски хемичари и индустијалци и конструктури на првата филмска камера, патентираа апарат за „примена на хронофотографски отпечатоци“, наречен кинематограф.
13.02.1947 година, во Скопје е основано Друштвото на писателите на Македонија. Основачи биле: Блаже Конески (прв претседател), Димитар Митрев, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Владо Малески, Ристо Крле, Васил Иљоски и Иван Точко.
13.02.1973 година, родена е Наташа Бунтеска, македонска поетеса.
13.02.1974 година, роден е Роби Вилијамс, англиски поп-пејач.
Служба за информирање при Комората