НА ДЕНЕШЕН ДЕН,12.02.
➢ НА ДЕНЕШЕН ДЕН ... (12.2 .2024)
👁 Прочитано: 202



Во рубриката - На денешен ден - евидентираме настани кои од историски аспект се случиле на денешен ден а кои се поврзани со економијата, општеството, со секојдневното живеење. Издвојуваме некои од нив кои цениме дека се највпечатливи ....
НА ДЕНЕШЕН ДЕН,12.02.
12.2.1502 година, Васко Де Гама назначен како адмирал на индискиот океан, со 20 бродови тргнува на второто патување до Индија.
12.2.1809 година, роден е Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД.
12.2.1800 година, роден е Џон Едвард Греј, британски зоолог.
12.2.1809 година, роден е Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества.
12.2.1881 година, родена е Ана Павлова, руска балерина.
12.2.1909 година, во САД формирано е Националното здружение за напредок на обоените луѓе (NAACP).
12.2.1914 година, роден е Василие Поповиќ – Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар.
12.2.1923 година, роден е Франко Зафирели, италијански режисер.
12.2.1996 година, Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Гана.
12.2.1996 година, во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија.
Служба за информирање при Комората