Д-Р ЈЕЛИСАВЕТА ГЕОРГИЕВА ЈОВЕВСКА ИМЕНУВАНА ОД ВЛАДАТА НА РСМ ЗА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА МЕДИЈАЦИЈА
➢ Актуелно (06.07.2022, во 12:28:45)
👁 Прочитано: 1656




Д-Р ЈЕЛИСАВЕТА ГЕОРГИЕВА ЈОВЕВСКА ИМЕНУВАНА ОД ВЛАДАТА НА РСМ ЗА НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА МЕДИЈАЦИЈА

На 54-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, потпретседателот на Стопанската комора на Северна Македонија и претседател на Асоцијацијата за медијација при Комората, д-р Јелисавета Георгиева Јовевска е именувана за ПРВ НАЦИОНАЛЕН КООРДИНАТОР ЗА МЕДИЈАЦИЈА.

Со новиот Закон за медијација (Сл.весник на РСМ бр.294/2021) кој стапи на сила на 4-ти јануари 2021 година ќе функционира Национален совет за медијација, тело на Владата на Република Северна Македонија кое независно и самостојно го обезбедува, следи и оценува квалитетот на работите во медијацијата во рамки на надлежностите определени со закон от.

Со Националниот совет за медијација раководи Националниот координатор за медијација, кој воедно и го застапува и претставува Советот, кој освен Националниот координатор ќе брои плус 4 члена и секретар.

Согласно Законот за медијација, Националниот совет за медијација , врз основа на начелото на самостојност, стручност и независност во својот делокруг на активности ќе извршува повеќе активности меѓу кои се : покренување на иницијативи за подобрување на законските решенија и давање мислења за предлози на закони од областа на медијацијата ; покренува ње на иницијативи за пошироко запознавање на заинтересираните страни со правото за користење на медијацијата како начин на компромисно решавање на спорните односи ; утврдува ње на исполнетоста на условите за издавање на лиценца за вршење на медијаторски работи ; издавање или укинување на лиценците за медијатори, медијатори за специфични области и за обучувачи на медијатори; акредитира ње на програми за обука на медијатори утврдени со закон от врз основа на методологија; вршење на евалуација на квалитетот на работењето на медијаторите, обучувачите на медијатори, спроведувањето на акредитираните програми за обука на медијатори; сорабо тка со домашни и меѓународни организации и тела за поголема промоција и примена на медијацијата и слично.

д-р Јелисавета Георгиева Јовевска 20 години работи во Стопанската комора на Северна Македонија од кои 15 години беше извршен директор а сега ја обавува функцијата потпретседател на Комората и проектен менаџер за развој на новите Совети во Комората. Од 2016 година, од кога е формирана посебна Асоцијација за поддршка на медијацијата (АПМ) при Комората е нејзин претседател а од истата година е лиценциран медијатор и потоа лиценциран обучувач на медијатори.

Георгиева Јовевска повеќе години наназад е инволвирана во процесите на афирмација и популаризација на медијацијата. Така, од 2001-2014 година, кога во рамките на АБК-ДИХК (Асоцијацијата на балкански комори и Унијата на Германските трговско-индустриски комори), каде се работеше и на активности поврзани со зајакнување на капацитетот на коморите и проекти за компаниите, активно учествува и е координатор на настаните за промоција на медијацијата и арбитражата како алтернативни методи на решавање на споровите. Во 2006-та година работеше на Проектот за подигнување на јавната свест за медијацијата (преку проектните активности насловени како Финансиски користи од Медијацијата организирани со IFC-групација на Светска банка во рамките на 6 месечниот проект за развој на медијацијата), со промоција и дистрибуција на публикациите на IFC PEP SE: Брошура за медијација, Алманах за Медијација.....

Во рамките на АПМ има организирано, на цела територија на државава , од основањето на Асоцијацијата до денес, над 40 бесплатни семинари за промоција и афирмација на медијацијата на тема: “Медијацијата к ако ефикасен начин на алтернативно решавање на стопанските спорови”, со учество на над 100 0 претставници од компаниите и други заинтересирани партиципиенти. Паралелно со реализација на сите активности Георгиева Јовевска континуирано се усовршува и надградува на ова поле во РСМ и надвор од неа, a преку поддршката на медиумите (печатени и пишани) афирмативно придонесува за доближување и што е можно поголемо разбирање и користење на медијацијата и нејзините придобивки (како доброволност, доверливост, ефикасност, економичност, правичност на постапката , извршност-доколку Спогодбата постигната во медијација се солемнизира на нотар и слично ) .

д-р Јелисавета Георгиева Јовевска е авт ор на повеќе едиции на полето на медијацијата и алтернативните алатки за решавање на споровите како што се : “ Моќта на арбитражата и медијацијата за алтернативно решавање на стопанските спорови , Скопје 2008 година, Брошура за Медијација (Промоција, афирмација, успех) , септември 2016 година, Брошура за предностите на медијацијата во меѓународни рамки , април 2017 година, Прирачник за основна обука за медијатори , 2019 година....

д-р Јелисавета Георгиева Јовевска како експерт за медијација, сега и како Национален координатор за медијација, преку поддршката на Владата на РСМ со формирањето на Националниот совет за медијација како тело за обезбедува ње , следење и оценува ње на квалитетот на работите во медијацијата , продолжува со активности за поголема промоција и достапност на медијацијата кај бизнис-заедницата и кај сите заинтересирани страни.

Служба за информирање при Комората