ЗАКЛУЧОЦИ ОД САМИТОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БЕРЛИН – ПОТВРДЕНА КЛУЧНАТА УЛОГА НА КИФ ЗА ЕКОНОМСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА РЕГИОНОТ
👁 Прочитано: 5182




ЗАКЛУЧОЦИ ОД САМИТОТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БЕРЛИН – ПОТВРДЕНА КЛУЧНАТА УЛОГА НА КИФ ЗА ЕКОНОМСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА НА РЕГИОНОТКликни за повеќе

Седум години по првиот Самит за Западен Балкан, одржан во Берлин во 2014 година, Самитот во рамките на Берлинскиот процес што се одржа на 5 јули 2021 година, ја призна важноста на приватниот сектор и на Коморскиот инвестициски форум како негов претставник за спроведувањето на целите на регоналната економска интеграција. На Самитот годинава се собраа шефовите на владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, како и шефовите на држави или влади на Австрија, Бугарија, Хрватска, Франција, Грција, Италија, Полска, Словенија и Велика Британија, како и претставници на Европската унија (ЕУ) и на меѓународни и регионални тела и организации.

Во заклучоците од одржаниот Самит беше посочено и следното:

Учесниците ја поздравија важната улога што ја игра приватниот сектор во спроведувањето на Заедничкиот регионален пазар, кој треба да се развива натаму преку блиска соработка на Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан и преку спроведување специфични мерки низ сите шест земји од Западен Балкан. Особено, тие го поздравија основањето на развојна програма на регионални добавувачи направено од страна на Коморскиот инвестициски форум.“

Во тој процес на воспоставување на Заедничкиот регионален пазар, Коморскиот инвестициски форум, како асоцијација на шесте стопански комори од регионот, со поддршка од Европската Унија, активно работиме на развојот на Регионалната програма за развој на добавувачи. Во завршна фаза на изработка се две важни датабази за компаниите од регионот, кои ги сумира клучните информации за условите неопходни за секоја компанија која сака да влезе со своите производи или услуги на некој пазар, но и нуди услуги за вмрежување на компаниите. Во тек се и активностите за мапирање на добавувачите од регионот од автомобилската индустрија, прехранбената индустрија и лесната преработувачка индустрија, со цел нивно полесно вклучување во регионалните ланци на снабдување. Од крајот на годината, со овие компании, преку техничка помош, ќе се работи на унапредување во дигитализацијата на нивното работење, како и за обезбедување поддршка за пристап до финансии за унапредување, ќе се вклучуваат во тренинзи и обуки за пристап до пазарите на ЕУ, а истовремено ќе се организираат активности за нивно вмрежување (Б2Б средби, бизнис настани, конференции, заеднички настап на пазари).

Целиот текст на Заклучоците од одржаниот самит е достапен на следниот линк: Western Balkans Summit - CHAIR’S CONCLUSIONS (bundesregierung.de)

Служба за информирање при Комората