Со Законот за инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, статусот, надлежностите и работењето на Инспекцискиот совет, организацијата и раководењето со инспекциските служби, следењето, контролата и координацијата на работата на инспекциските служби, статусот и вработувањето на инспектор, лиценцата за инспектор, правата и обврските на инспектор (системот на надоместоци на плати на инспекторите, системот за стручно усовршување и обука на инспекторите), учинокот на инспектор, права и обврски на субјектите на инспекциски надзор при вршење на инспекциски надзор, постапката на вршење инспекциски надзор, посебните дејствија во инспекциската постапка, односите на инспекциските служби и надлежните органи, како и спроведувањето на законот.
Oдредбите од овој закон кои се однесуваат на постапката за вршење на
инспекциски надзор, се применуваат на инспекциските служби организирани како органи во состав на министерствата или како организациски единици, во рамки на органите на државната управа и општините.
Законот за инспекциски надзор („Службен весник на РСМ“, бр. 102/2019) е донесен на 30.5.2019 година, а неговата примена започна од 01.12.2019 година.
Во јануари 2020 година се објавени измените на Законот за безбедност и здравје при работа, кој е усогласен и со Законот за прекршоци и со Законот за инспекциски надзор.
На 27.12.2019 година е објавен Правилник за висината на трошоците за извршување на стручните работи за безбедност при работа („Службен весник на РСМ“, бр. 275/2019).
Иницирани од настанатите измени, Стопанската комора на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, на 4 март 2020 година, организираше еднодневен семинар на кој беа образложени измените на овие закони и наведениот правилник, како и промените и новините кои се веќе усвоени.
Предавачи на семинарот беа:
1. Грозданка Тилева - Државниот инспекторат за труд;
2. Дарко Дочински и Мирјанка Алексевска - Министерството за труд и социјална политика.
м-р Елизабета А. Ефтимова