Во организација на Центарот за едукација и развој на човечки ресурси при Стопанската комора на Македонија денес беше реализиран еднодневен семинар на тема: „Вештачењето како доказ во парничната постапка“ инициран од дилемите кои произлегуваат од одредбите на Законот за парничната постапка во врска со вештачењето како доказ во парничната потапка, особено после измените и дополнувањата на Законот за парничната постапка („Службен весник на РМ“, број 116/2010).
Предмет на анализа беа од Законот за вештачење. Исто така од страна на предавачите беа презентирани примери од судската пракса во Република Северна Македонија преку одлуки кои содржат исти или различни правни стојалишта на судовите, правни заклучоци на Врховниот суд на Република Северна Македонија, како и на апелационите судови во врска предметната тема.
Предавачи беа Александар Гоџо, предавач и тренер на обуки и семинари од сите области на правото со екстензивно искуство во застапување и решавање на спорови пред домашни и меѓународни форуми, помеѓу кои ICSID при Светска банка - Вашингтон и Европскиот суд за човекови права (ECHR) и Викторија Спасовска-Симоноска, адвокат , предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.
Михајло Донев