Модул: „Обука (Coaching)“
👁 Прочитано: 341



Модул: „Обука (Coaching)“

13.12.2018 година е означен како ден во кој членовите на Клубот на менаџери- претприемачи реализираа обука и вмрежување заедно со компании од Прилеп. Благодарение на Регионалната комора со седиште во Прилеп и нејзината претседателка,  Ирена Јакимовска, направиме заедничка обука на која покрај компаниите-членки на Клубот на менаџери - претприемачи и компаниите од Прилеп имаа можност да видат како функционира овој Клуб и кои можности ги нуди за менаџерите.

Градежништво 

Не случајно е одбрана оваа тема, бидејќи коучингот претставува процес на откривање, поставување цели и избор на активности за реализација на натпросечни резултати. Коучингот ја насочува веќе успешната и самомотивирана личност кон поголема ефективност. Според тоа, логичен е заклучокот дека истиот е брз и ефикасен начин за постигнување на резултати. Клиентот, преку структуриран разговор, помогнат со конкретни алатки и техники, наместо да се концентрира на минати искуства или причини за актуелни состојби, се придвижува кон посакуваната цел. До целта се стигнува преку конкретни чекори кои водат до фундаментални промени во ставот, однесувањето и навиките, што ја прави коучинг методологијата ориентирана кон акција или делување. Токму оваа карактеристика пак го прави коучингот интересен за современите корпоративни култури на успешните компании.

Предавачите, господинот Георгиев и господинот Алексов на присутните им посочија дека „Коучингот е стратегија на храбрите во постигнување на врвни резултати“. Според Георгиев, коучингот не е психотерапија, психологија, консалтинг, менторство, не советува, не учи и  не лечи. Коучингот е всушност брз и ефикасен начин за постигнување на резултати, причина поради што е се` попопуларен во светот на бизнисот. До целта се стигнува преку конкретни чекори кои водат до фундаментални промени во ставот, однесувањето и навиките што ја прави методологијата ориентирана кон акција или делување. Овој тип на коучинг е и системски, што подразбира креирање целосна слика за клиентот комплетно верувајќи на неговите квалитети, способности, план и цели.

Развојот e клучниот елемент на коучингот. Развојот го дефинираме како континуиран процес на растеж и учење, па во согласност со оваа дефиниција, целта на коучингот можеме да ја дефинираме и како личен и професионален развој на поединецот со асистенција на тренерот, односно обучувачот.

Градежништво

Преку специјално дизајнираните едукативни настани им овозможуваме на компаниите - членки на Клубот на менаџери-претприемачи во едно време на динамично опкружување, зголемена конкурентност и диференцирана побарувачка на добра и услуги, да знаат како да се носат со промените и да се насочат кон предизвиците и на нив  да гледаат како можност да за креирање нова вредност која ќе ја утврди нивната позиција на пазарот.

Клубот на менаџери-претприемачи покрај тоа што овозможува учење во релаксирана, но продуктивна атмосфера, придонесува преку споделувањето на знаењата и искуството помеѓу членките да се креираат нови бизнис-идеи и партнерства кои се одлична прилика за подигнување на претприемачкиот дух, конкурентноста и професионалноста на сопствениот бизнис.

Валентина Цветковска

 

Валентина Цветковска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија