СООДВЕТНОТО ДЕФИНИРАЊЕ НА ОПИСИТЕ НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ - ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА СООДВЕТЕН КАДАР ЗА КОМПАНИИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕТО
➢ Актуелно (12.04.2024, во 15:16:00)
👁 Прочитано: 686





СООДВЕТНОТО ДЕФИНИРАЊЕ НА ОПИСИТЕ НА РАБОТНИТЕ ЗАДАЧИ - ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА СООДВЕТЕН КАДАР ЗА КОМПАНИИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕТОКликни за повеќе

Во рамките на активностите дефинирани во концептот на Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките при Стопанската комора на Северна Македонија за обезбедување соодветен кадар за стопанството,  беше организира еднодневна обука на тема: Примена на Националната класификација на занимањата како национален стандард при огласување на работните места од страна на работодавачот (Пополнување на Пријавата за потреба од работник (ППР-образецот)“. Обуката беше организирана во соработка  со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Државниот завод за статистика.

Целта на обуката беше подобрување на знаењата и вештините за пополнување на Пријавата за потреба од работник (ППР-образецот), како и да се добијат сознанија за потребата и значењето од правилно пополнување на Пријавата за потреба од работник (ППР-образецот) и користење на Националната класификација на занимањата при огласување на слободно работно место за обезбедување кадар со соодветни знаења и вештини потребни за извршување на работните задачи во конкретното занимање. Обуката беше наменета за претставници од одделинието за човечки ресурси во компаниите и фирмите и за правници кои се занимаваат со оваа проблематика, а предавачи беа експерти од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Државниот завод за статистика.

Описот на работното место е од суштинско значење за секој бизнис или организација и мора да биде во согласност со занимањето во кое се дефинира видот, предметот и обемот на работата, се одредуваат функционалните работни задачи, должности и одговорности на работното место, сложеноста на занимањето, алатите, машините и уредите кои се користат, технолошките нивоа на работите, како и нивото на образованието и соодветните знаења, вештини и компететнции кои се потребни за вршење на работните задачи.

На обуката беше нагласена разлика помеѓу занимањето и работното место во систематизацијата на една организација  и затоа за пополнување на полето занимање од голема важност е користењето на Националната класификација на занимања која е изработена и усогласена со според начелата на Меѓународната класификација на занимања ИСКО 08 (ISCO 08).

Несоодветно дефинираните описи на работните задачи може да влијаат на изборот на несоодветен кадар при вработувањето, а со тоа и врз ефективноста на организацијата на компанијата, што резултира со ниска продуктивност, нерационално потрошено време и средства, како и недостаток на задоволство од работата.

Тргнувајќи од фактот дека Националната класификација на занимања се ревидира на секои 10 години, од учесниците на обуката беше побарано да даваат предлози за нови знимања, затоа што следејќи ја динамиката на развојот на техниката и технолошките потреби, како и промените во структурата на работната сила во услови на пазарна економија, се јавуваа многу нови занимања, но беше констатирано дека  исчезнуваат и одредени занимања.

 

 

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората