Брако-Грин машинс потпиша договор со најголемата американска компанија за изнајмување на машини и опрема Јунајтед ренталс
➢ Од компаниите (29.08.2023, во 10:40:00)
👁 Прочитано: 3587





Брако-Грин машинс потпиша договор со најголемата американска компанија за изнајмување на машини и опрема Јунајтед ренталсКликни за повеќе

Компанијата ќерка на Брако, Грин машинс и американскиот гигант Јунајтед ренталс потпишаа договор за соработка со кој американскиот партнер ќе купува возила од Македонија за потребите на своите клиенти во САД и Канада.

„Јунајтед ренталс во македонските возила препозна можност за на американскиот пазар да нуди висок квалитет кој е на ниво на светските конкурентски компании, но со поповолна цена, како и да ја користи предноста што Брако и Грин машинс произведуваат возила на водород и на струја, како и на класичен погон, кои можат да задоволат различни потреби на клиентите при одржувањето на урбаната јавна хигиена. Јунајтед Ренталс е најголемата компанија во САД за изнајмување на машини и опрема, рангирана е на листите Fortune 500 и Forbes2000, котира на берзата во Њу Јорк и е една од компаниите со најголем раст во последните 25 години. Грин машинс веќе има своја фирма во САД, со седиште во Калифорнија, но со договорот со реномираниот Јунајтед ренталс ќе обезбеди уште побрз пробив на квалитетните македонски возила на американски пазар“, соопштија од Брако-Грин машинс.

Служба за информирање при Комората