Василев: Кредитираме брзо, комфорно и одговорно
➢ Актуелно (28.03.2023, во 12:45:00)
👁 Прочитано: 1891



Економија и бизнис | печатено издание | април 2023г.
Василев: Кредитираме брзо, комфорно и одговорноКликни за повеќеГоран Василев, извршен директор, ИУТЕ

Како ја оценувате тековната состојба во вашиот сектор? Каде е во тие рамки вашата компанија и што носи иднината?

Според официјалните податоци објавени од страна на Државниот завод за статистика, растот на бруто-домашниот производ во четвртиот квартал од 2022 година изнесуваше скромни 0,6 %, додека стапката на инфлација мерена преку трошоците за живот во февруари 2023 година изнесуваше 16,7 %. Народната банка постојано интервенира со инструментите на монетарната политика (изразено во најголем дел преку пораст на каматните стапки) во насока на намалување на стапката на инфлација. Ваквите податоци укажуваат дека макроекономската состојба во Република Македонија е нестабилна, а со тоа и условите за бизнис претставуваат голем предизвик за македонските компании.

Небанкарските финансиски друштва исто така се соочуваат со предизвиците од нарушената макроекономска стабилност, а исклучок секако не е и ИУТЕ Кредит. Сепак, со една конзервативна (засилена кредитна анализа), но активна финансиска стратегија (воведување иновации) успеваме да оствариме умерен раст на пласманот на нашите услуги во првите два месеци од 2023 година во споредба со истиот период од 2022 година. Имено, во соработка со компанија од Естонија ГЕТ ИД (GET ID) ја воведовме услугата за електронска идентификација на нашите клиенти со што Иуте Кредит има целосно дигитализиран процес на апликација, одобрување и потпишување на кредити. Електронската идентификација ја зголемува безбедноста на клиентите и во најголема мера спречува можна злоупотреба на податоците на клиентите.

Во изминативе 5 години работење на Иуте Кредит во Македонија се забележува созревање на овој сегмент од финансискиот пазар, и во понудата на кредити и во однесувањето на клиентите. Со измените во законската регулатива кои се во собраниска процедура ќе се подигне нивото на квалитет во овој сектор и ќе овозможи професионалните финансиски друштва да им понудат подобри услуги на клиентите. Во таа насока, Иуте Кредит применува софистицирани модели за одлучување и управување со ризикот преку кои ги заштитуваат интересите на клиентите. На тој начин се создава и стабилна основа за долгорочен лојален однос кон кој посебно се стремиме во нашата деловна стратегија.

Воедно, Иуте Кредит Македонија како водечка финтек компанија во Македонија, создава исклучително корисничко искуство во финансирањето на физичките лица (населението) преку надминување на очекувањата на нашите корисници. Кредитираме брзо, комфорно и одговорно. Ги следиме и ги воведуваме светските трендови на дигиталната трансформација во светот на финансиите, што резултира со исклучително задоволни корисници потврдено преку НПС-алатката (NPS - Net Promoter Score), а резултатот за 2022 изнесува 83,9 (NPS score). Воедно, како лидери на пазарот, имаме обврска да ги едуцираме пазарот и корисниците и да им ги доближиме дигиталните алатки кои го олеснуваат животот во сферата на финансиите.

Служба за информирање при Комората