Заеднички настан на Стопанската комора на Северна Македонија и Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ)
➢ Актуелно (23.06.2023, во 16:24:00)
👁 Прочитано: 2069




Заеднички настан на Стопанската комора на Северна Македонија и Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ)Кликни за повеќе

Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организираа настан за континуирано професионално усовршување (КПУ) со теми од областа на осигурувањето за овластените ревизори. Настанот се одржа на 22 јуни 2023 година во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија како хибриден настан, со физичко или он-лајн присуство. На настанот присуствуваа 138 учесници.


Настанот го отвори д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, која е формирана во 2011 година. Асоцијацијата на осигурителните брокерски друштва се залага за унапредување на осигурувањето, зајакнување на соработката помеѓу финансиските институции кои вршат осигурување – осигурителни посредници и банките како еден дистрибутивен канал, а се во насока на зајакнување на довербата која е клучна за развој на финансискиот сектор. 


Асоцијацијата е активно вклучена во проектите за унапредувањето на финансиска писменост и инклузија.  Овој настан е во насока на развивање на свеста за потребата од заштита на животите и имотите на населението и компаниите, како и за продлабочување на знаењето за различни аспекти на осигурувањето.      


Во тој контекст, програмата на настанот опфаќаше повеќе актуелни теми од областа на осигурувањето и тоа одржливо осигурување и нефинансиско известување (ESG), практични аспекти на осигурувањето, како и финансиско известување на друштвата за осигурување и улогата на ревизорите согласно регулаторните барања за финансиско известување и ревизија на друштвата за осигурување.

Предавачи на настанот беа: 

-    проф. д-р. Климе Попоски, Универзитет Св. Климент Охридски, катедра за осигурување и Претседател на Управен Одбор на ВИНЕР – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД СКОПЈЕ
-    Ксенија Денчиќ - Михајлов, Универзитет Ниш, Економски факултет Ниш и Centre for Scientific, Interdisciplinary Risk Management and Sustainability, Ostfalia University of Applied Sciences, Germany
-    д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанска комора на Северна Македонија
-    м-р Коста Спасески, генерален советник за стратешко планирање и управување со квалитет, Агенција за супервизија на осигурувањето 

 

Служба за информирање при Комората