ПРОМОЦИЈА И СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ОБУКАТА ВО ПРОГРАМАТА ПЕКАР
➢ Актуелно (15.06.2023, во 09:22:00)
👁 Прочитано: 3229




ПРОМОЦИЈА И СВЕЧЕНО ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕРТИФИКАТИ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО ОБУКАТА ВО ПРОГРАМАТА ПЕКАРКликни за повеќе

По четиримесечните теоретски предавања и континуирана практична обука на реално работно место, заврши обуката за стекнување на квалификацијата Пекар што ја реализираше Советот за развој на тренингот и обуките при Стопанската комора со поддршка на Центарот за тренинг и обука ДООЕЛ, Охрид во соработка со фирмата ДЕПЕТ ДОО, Скопје (Пекарницата Пастел).

Тргнувајќи од фактот дека за развој на стопанството и економијата, важно е работодавачот да има квалитетен стручен кадар и да биде осигурен дека вработените се опремени со стручни знаења и вештини потребни за ефикасно извршување на секојдневни работни задачи и должности и придонесуваат за продуктивноста и растот на компанијатата, Стопанската комора  во своите стратешки определби за наредните 10 години, приоритетот го стави на образованието за да излезе во пресрет на барањата на реалниот сектор за обезбедување стручен и квалификуван кадар.

Програмата за обуката за Пекар беше подготвена на барање на фирмата ДЕПЕТ ДОО, Скопје (Пекарницата Пастел), која се соочи со проблемот на недостаток на кадар за тековните работни процеси, а преку процесот на преквалификација што го спроведе Советот за развој на тренингот и обуките, работодавачот имаше можност на структуиран начин  да го подготви својот кадар според неговите специфични работни процеси и да ги развие нивните способности за да станат клучни фигури во производниот процес.

Програмата се состоеше од 6 модули преку кои учесниците се запозна со организацијата на работно место – пекар, безбедност и заштита при работа, обезбедување и осигурување на квалитет (примена на стандарди за квалитет и безбедност на храна), различните процеси и техники на подготовка на тесто,

производство на леб, бели печива, лиснати теста и теста за пица.

Со учеството во програмата Пекар, учесниците се стекнаа со знаења, вештини и компетенции за занимањето Пекар со искусни предавачи за теоретскиот и практичниот дел од програмата, како и обука на реално работно место, а по завршување на обуката и вработување во пекарницата Пастел.

м-р Наташа Јаневска
Проектен менаџер во Стручната служба на Комората