“МЕДИЈАЦИЈАТА КАЈ НАС-МЕДИЈАЦИЈАТА ВО РЕГИОНОТ”, МОЖНОСТИ ЗА ПОГОЛЕМА ПИМЕНА И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА НЕЈЗИНИТЕ БЕНЕФИТИ
➢ Актуелно (21.03.2023, во 09:38:00)
👁 Прочитано: 1626




“МЕДИЈАЦИЈАТА КАЈ НАС-МЕДИЈАЦИЈАТА ВО РЕГИОНОТ”, МОЖНОСТИ ЗА ПОГОЛЕМА ПИМЕНА И ИСКОРИСТУВАЊЕ НА НЕЈЗИНИТЕ БЕНЕФИТИКликни за повеќе

Стопанската комора на Северна Македонија и Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при Комората и во 2023 година продолжуваат со организација на бесплатните предавања за компаниите со цел поголема популаризација и афирмација на предностите од користењето на медијацијата во нашата држава. Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, а со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со партнерите и поголема предвидливост на настаните во следниот период, како една од најповолните алатки за решавање на сегашен или иден спор на компаниите, особено се препорачува користењето на медијацијата. Брзината, доверливоста на постапката, најниските трошоци за страните во постапката во споредба со сите други постапки, останување во добри деловни односи, еднаквоста на страните се само неколку од предностите на медијацијата.

Стопанската комора на Северна Македонија, за популаризација и афирмација на медијацијата, институционално е поддржана од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка. Овој циклус на бесплатни предавања за бизнис заедницата ќе се реализираат на 25, 26 и 27 април 2023 година во Кичево, Скопје и Битола. Предавањата во Кичево и во Битола ќе се реализираат во просториите на регионалните комори додека предавањето во Скопје ќе се одржи во Стопанската комора на Северна Македонија. Агендите за предавањата можете да ги најдете на Календарот на настани на Комората.

            На предавањата на тема: “Предизвици и изнаоѓање нови алатки и можности за поддршка на фирмите-рани знаци на предупредување за настанување на инсолвентност и поголемо користење на медијацијата во решавање на стопанските спорови” се поканети менаџери на компании, раководители на правен сектор, раководители на финансиски сектор, раководители на сектор за човечки ресурси и останати занитересирани кои сакаат да се запознаат со дадената проблематика која е тема на предавањето.

На настаните своето искуство од примената на медијацијата и можностите за поголемо искористување на нејзините бенефити ќе го споделат м-р Милена Тадировиќ, директор на Центарот за конструктивно решавање на споровите, Србија и проф.д-р Мирослав Кнежевиќ, консултант на ИФЦ кои ќе говорат за примената на медијацијата во регионот.

Предавачи:

  • д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, Потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Национален координатор за медијација,
  • м-р Милена Тадировиќ, директор на Центарот за конструктивно решавање на споровите, Србија,
  • проф.д-р Мирослав Кнежевиќ, консултант на ИФЦ и
  • Дејан Костовски, правен консултант во проектот на Меѓународна Финансиска Корпорација, групација на Светска Банка – „ Решавање на долгови и деловен излез во Република Северна Македонија“.
Служба за информирање при Комората