КАКО ДО ЗАШТЕДИ НА ВОДА ВО ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ И ЗАШТЕДИ НА СТРУЈА КАЈ СИСТЕМИТЕ СО БУНАРСКА ВОДА
➢ Актуелно (16.11.2022, во 10:47:00)
👁 Прочитано: 1755




КАКО ДО ЗАШТЕДИ НА ВОДА ВО ВОДОВОДНИ СИСТЕМИ	 И ЗАШТЕДИ НА СТРУЈА КАЈ СИСТЕМИТЕ СО БУНАРСКА ВОДАКликни за повеќе

Во услови на глоблана економска криза и негативни фиансиски импликации кај деловните субјекти предизвикани пред се во моментов од енергетската криза, Стопанската комора на Северна Македонија заедно со компанијата Аквасеив ДОО Скопје, во соработка со Регулторната комисија за енерегтика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ), организираа презентација на можностите и начините за заштеда на водните ресурси на комерцијални и индустриски објекти, енергетески компании, општини и комунални претпријатија, jавни институции (министерства и владини агенции, болници, касарни, универзитетски центри, училишта, градинки), на водоводните системи (водоснабдени од државните хидро системи, комунални претпријатија и бунарски системи).

Присутните члнеки на Комората на презентацијата беа запознаени  со можностите за начините и методи за заштеда на вода преку:

  • Анализа на потошувачката на вода во водоводните ситеми;
  • Локација на скриени подземни дефекти во водоводната и топловодна мрежа;
  • Користење на уреди за заштеди на вода;
  • Инсталација на мерачи за проток на отпадната вода на излез од објектите.  

Во услови на неколкукратно зголемени цени на електрична струја, доаѓа до уште поголемо значење и проблем поради тоа што голем дел од внесената вода во водоснабдителните системи на комуналните претпријатија и нивното дистрибуирање до крајните корисници се врши преку пумпни станици и хидрофори, кои трошат значителни количини електрична енергија. Имајќи го во предвид процентот на загубите на вода:

  • кај комуналните претпријатија над 50 % се резултат на технички загуби на вода;
  • дефекти на цевководи, што предизвикува сериозно изгубени количини вода и оперативни трошоци на претпријатието,
  • кај комуналните претпријатија кои ја дистрибуираат водата преку пумпни станици и хидрофори, и значители изгубени количини електрична енергија.

 

Со истиот проблем се соочуваат и сите индустриски комплекси и фабрики при користење на бунарската вода. Постојните дефекти на хидрантска и процесна мрежа допринесуваат за дополнителна работа на пумпите и зголемена потрошена електрична енергија, намален век на траење на пумпите и зголемени средства за нивно одржување. 

Презентацијата беше реализирана од страна на Бојан Ристовски, експерт за загуби на вода, сопственик и директор на Аквасеив ДОО компанија членка на Комората, член на Меѓународната асоцијација за вода/Специјалистичка група за загуби на вода, со искуство од над 27 години во областа на управување со загубите на вода. Истовремено, работи и како консултант на повеќе проекти финансирани од Светска Банка (World Bank), Германска техничка соработка (GIZ), Европска Унија (EU) и др. во областа на управување со водните ресурси.

Во презентацијата учествуваше и Андријана Нелкова Чучук, член на Регулторната комисија за енерегтика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ), презентирајќи ги ставовите на регулаторот. 

Во вториот дел од средбата беше отворена дискусија по прашања на учесниците.

 

 

Служба за информирање при Комората