Мизо: Продажбата на нови возила во најдобар случај ќе стагнира
➢ ОД ЗДРУЖЕНИЈАТА (19.10.2022, во 09:20:20)
👁 Прочитано: 1408



Интервју за Bloomberg Adria
Мизо: Продажбата на нови возила во најдобар случај ќе стагнираКликни за повеќе

Најновите статистички податоци за автомобилскиот сектор во Европа покажуваат раздвижување во продажбата и позитива во месец септември за дури 9,6 отсто. По 13-месечниот пад во автомобилскиот сектор, ова е веќе втор месец по ред со раст на продажбата на нови возила. Но, инволвираните во секторот не очекуваат дека е можно до крајот на годината да се анулира наталожениот минус од претходно.

„Во септември овој раст во европски рамки беше околу 9,6 проценти, но тоа сепак не значи дека трендот за оваа година е позитивен. За 10 проценти помалку возила се продадени во првите девет месеци годинава споредено со истиот период лани“, вели за Блумберг Адриа ТВ Виктор Мизо, претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство.

Служба за информирање при Комората