Закон за дополнување на законот за реализација на инфраструктурните проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево- Охрид



Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија, претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, издаваат

У К А З

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА

РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТНА

ДЕЛНИЦА МИЛАДИНОВЦИ - ШТИП И ПАТНА ДЕЛНИЦА КИЧЕВО - ОХРИД

Се прогласува Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево - Охрид, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 1 април 2024 година.

Бр. 08-2212/1

1 април 2024 година

Скопје

Претседател на Република

Северна Македонија,

Стево Пендаровски, с.р.

 

Претседател

на Собранието на Република

Северна Македонија,

Јован Митрески, с.р.

 

ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА

ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТНА ДЕЛНИЦА

МИЛАДИНОВЦИ - ШТИП И ПАТНА ДЕЛНИЦА КИЧЕВО - ОХРИД

Член 1

Во Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид („Службен весник на Република Македонија” број 149/13, 134/17, 64/18, 168/18, 194/18 и 208/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 22/20 и 285/21) во членот 5 по зборовите: „и Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево-Охрид“ се додаваат зборовите: „и Анекс бр. 6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево-Охрид“.

 

Член 2

Во член 8 во ставот 2 по зборовите: „Начинот и условите на“ се додаваат зборовите: „започнувањето на постапката за изградба на патните делници, како и начинот и условите на“.

По ставот 2 се додаваат три нови ставови, кои гласат:

По исклучок од ставот 2 на овој член, во случај да се започне со привремено користење на патните делници врз основа на позитивен извештај за привремена употреба на градбата изготвен од страна на надзорниот инженер кој вршел надзор над изградбата и е донесено решение за одобрен режим на сообраќај од надлежен орган, периодот за пријавување на недостатоци е две години од датумот на започнување со привремено користење на градбата.

Закон за реализација на инфраструктурни проекти_compressed (1).pdf


Контакт лице: Ана Стерјовска
Телефон: ++ 389 2 3244037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје