Закон за изменување и дополнување на законот за платежни услуги и платни системи



Врз основа на членот 75, ставови 1 и 2 од Уставот на Република Северна Македонија,

претседателот на Република Северна Македонија и претседателот на Собранието на

Република Северна Македонија издаваат

У К А З

ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА

ЗАКОНОТ ЗА ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ И ПЛАТНИ СИСТЕМИ

Се прогласува Законот за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи, што Собранието на Република Северна Македонија го донесе на седницата одржана на 13 март 2024 година.

Бр. 08-1956/1

13 март 2024 година

Скопје

Претседател на Република

 Северна Македонија,

Стево Пендаровски, с.р.

 

Претседател

на Собранието на Република

Северна Македонија,

Јован Митрески, с.р.

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЛАТЕЖНИ

УСЛУГИ И ПЛАТНИ СИСТЕМИ

Член 1

Во Законот за платежни услуги и платни системи (*) („Службен весник на Република

Северна Македонија“ број 90/22), во член 2 став (1) точката 11. се менува и гласи:

„Водечки број“ е единствен идентификациски број на давател на платежни услуги

којшто на негово барање го доделува Народната банка на Република Северна Македонија

и го користи за конструкција на единствената идентификациска ознака на платежните

сметки на своите корисници на платежни услуги;”.

Во точката 33. зборот „онлајн“ се заменува со зборовите: „на начин којшто вклучува користење електронска платформа или уред“.

Во точката 48. Зборовите: „договорени меѓу давателите на платежни услуги, а коишто се одвоени“ се заменуваат со зборовите: „а којашто е одвоена“, а зборовите: „,коишто вклучуваат“ се заменуваат со зборовите: „којашто вклучува“.

Во точката 62. зборот „гувернерот” се заменува со зборовите: „Извршниот одбор”.

Во точката 63. во заградата зборот „shumëpalësh“ се брише.

Во точката 79. зборовите: „други парични побарувања од давателот на платежни услуги

(средства на сметки)“ се заменуваат со зборовите: „парични средства на сметки“.

Во точката 85. зборот „припеид“ се заменува со зборот „припејд“.

Точката 87. се менува и гласи:

Закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни системи.pdf

Контакт лице: Ана Стерјовска
Телефон: ++ 389 2 3244037
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: ana@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Северна Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје