МОДУЛИ НА ДОЖИВОТНО УЧЕЊЕ
Акредитирани програми од
Министерството за образование и наука на Република Македонија
Образование на возрасните е дел од системот на образование кој обезбедува доусовршување, оспособување, добивање дополнителна квалификација или преквалификување по програми и на начин прилагоден за возрасните лица. Системот за образование на возрасните е акредитиран, јавно признат сертификационен систем од Република Македонија со кој се добиваат национално признати сертификати кои ги докажуваат добиените стручни компетенции од одредена област. Сите програми се состојат од теоретски и практичен дел. Предавањата се следат во посебно опремени простории во Стопанската комора на Македонија во Скопје, а праксата на учесниците во програмите се одржува во реномирани компании во зависност од струката. По завршувањето на обуката учесниците полагаат завршен испит со што се стекнуваат со Сертификат акредитиран од страна на Министерството за образование на Република Македонија.
Програми кои можете да ги следите:
Готвач во угостителски објект
Гипсер - монтер
Фасадер
Аргон заварувач
Келнер - гастроном
Изработувач на бели печива
Менаџерски вештини за управување со
човечки ресурси
Специјалистички курс за стекнување вештини за архивско и канцелариско работење
Рецепционер
Службеник во книговодство
Туристичко - агенциски службеник
Фризер - основен курс
Шивач и кројач на конфекциски материјали
Дополнителни информации:
• Обуката трае околу три месеци, од понеделник до петок;
• Предавањата и праксата се одвиваат по договор со учесниците;
• Работа во групи од 8 до максимум 14 учесници.
Програмата за доживотно учење нуди обуки за оние занимања кои се дефицитарни и за кои постои побарувачка на пазарот на труд. Можноста да се добијат нови квалификации или едноставно да се потврди веќе стекнатото искуство со акредитиран Сертификат е начин за огромен број на лица да го решат проблемот со невработеноста.
Стопанска комора заедно со најреномираните фирми во Македонија е местото каде што невработените лица ќе можат да стекнат теоретско и практично знаење за потребната квалификација.