Тренинг обука 16.04.2024 - 10.05.2024
Тридневна обука на тема: Вештини за теренски унапредувачи на продажбата

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 3, 3 кат


Во насока на унапредување на знаењата и вештините неопходни за вработените во компаниите во одделот за продажба, Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките при Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обука, Скопје, започнува со обуки за Вештини за теренски унапредувачи на продажбата.

Целта на обуката е усвојување на нови знаења и вештини поврзани со добро структурирани и иновативни процеси од доменот на продажбата и со промоцијата на производите на компанијата.

Програмата за обука е фокусирана на развивање на вештините кај вработените кои процесот на продажба го практикуваат со теренски посети и директна комуникација со своите клиенти и консументи, таканаречени Теренски унапредувачи на продажбата и ги опфаќаат: комерцијалистите, претставниците за продажба, медицинските претставници и сл.

 По успешно завршување на Програмата за обука учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини и ќе се оспособат за:

  • Соодветно планирање и спроведување на теренските активности насочени кон соодветна застапеност и изложеност на производите на компанијата-работодавач;
  • Зголемување на продажбата, прометот и профитот на компанијата-работодавач:
  • Зајакнување на релациите со клиентите и консументите;
  • Подобрен имиџ на компанијата-работодавач пред клиентите и консументите.        

Програмата за обука се состои од 9 модули (16.04.2024, 30.04.2024 и 10.05.2024 година):

Модул 1: Улогата на теренскиот унапредувач на продажбата

  • Знаењето на Теренските унапредувачи на продажба во процесот на афирмација на компанијата –работодавач;
  • Основни начела на работењето на Теренските унапредувачи на продажбата. 

Модул 2: Важноста (и убавината) на атрактивното изложување на производите (мрчендајзингот (merchandising))

  • Важноста на атрактивното изложување на производите (мerchandising);
  • Значење на атрактивно изложување на производите (мerchandising) и придобивки од негово соодветно практикување.

Модул 3: Чекори на продажна посета

  • Структуриран пристап при практикување на продажните посети

Модул 4: Продажни вештини – 1

  • Познавање на спецификите на производот/ите што се продава/ат; 

Модул 5: Продажни вештини - 2

  • Соодветен настап пред клиентите на компанијата-работодавач; 
  • Класификација на нашите клиенти

Модул 6: Продажни вештини - 3

  • Подготовка на структурирана продажна презентација
  • Техника на поставување прашања

Модул 7: Продажни вештини – 4

  • Важноста на содветна комуникација при продажниот процес; 

Модул 8: Ефикасност и ефективност при работењето

  • Важноста на пописот на малопродажните објекти;
  • Сегментација на малопродажните објекти;
  • Ефективно планирање на рутите;  
  • Цел(и) на продажната посета

Модул 9: Индикатори за перформансите и формули за нивно пресметување

  • Оптимизација на залихите, односно, оптимизација на нарачките; 
  • Продажба со замена / Комуникација со корисниците на нашите производи;
  • Клучни индикатори за перформансите (Key Performance Indicators) - Основни показатели.

Предавач на обуката:

Предавач на обуката: Дејан Стојановиќ е предавач со долгогодишно работно искуство во земјава и регионот преку својата компанија PRO UPGRADE, основана 2015 година.

Преку својата компанија спроведува обуки, верификувани во Центарот за образование на возрасни. Обуките се фокусирани на вештини за Теренски унапредувачи на продажбата и средниот менаџмент на компаниите. Освен соработката со повеќе еминентни светски компании (Schouten Global, Elite Academy, Horvath & Partners), тој е еден од промотерите на социјалното претприемништво во земјата и Јадранскиот регион.

Во својата кариера, работел за светски познати компании како Philip Morris, Ferrero, Cisco Systems.

Информации за организираноста на обуката:

  • Програмата за обука изнесува вкупно 19.30 часа;
  • Обуката е во траење од три дена со реализација секоја втора недела;
  • Учесниците во обуката ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена обука за Вештини за теренски унапредувач на продажбата по проверка на знаењата;
  • Обезбеден работен материјал доставен преку електронска пошта.

Цената на обука за сите три дена изнесува 10.000 денари по учесник. За повеќе учесници од иста компанија/организација следува 10% попуст.

Бројот на местата е ограничен и затоа ве молиме вашата пријава да ја доставите најдоцна до 12 април 2024 година.

Лице за контакт:
м-р Наташа Јаневска 
телефон: 072 204 860
електорнска пошта: natasa.janevska@mchamber.mk

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Наташа Јаневска
++ 389 2 3244045, M. 072 204 860


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.05.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 29.05.2024
Еднодневна онлајн работилница на тема: ВО КОИ СИТУАЦИИ ГОДИШНИОТ ОДМОР СЕ ДОИСКОРИСТУВА ДО 30-ТИ ЈУНИ? ОД КОГА ЗАПОЧНУВА ДА ТЕЧЕ НОВИОТ ОДМОР? КОГА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ОДМОР? ДАЛИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ИСПЛАТИ НАДОМЕСТОК
Семинар, 04.06.2024
„СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ПРЕГОВОРИ И НИВНА РЕАЛИЗАЦИЈА“
Семинар, 11.06.2024
ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНО ВРЕМЕ, НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА И ПРЕРАСПОРЕДУВАЊЕ, ГОДИШЕН ОДМОР, НАДОМЕСТ НА ПЛАТА, ДИЛЕМИ ПРИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ СО КОИ СЕ СОЧУВАМЕ СО НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ
Семинар, 11.06.2024
Специјалистички еднодневен семинар: АКВИЗАЦИЈА НА НОВИ КЛИЕНТИ - СТЕКНУВАЊЕТО НА НОВИ ПОТРОШУВАЧИ КАКО КЛУЧНА МОЖНОСТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА -
Семинар, 11.06.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Брокерски настан, 12.06.2024
Деловни средби со физичко присуство „Овозможување на напредок: Индустрија 4.0 во Западен Балкан-12-13 јуни 2024 година, Нови Сад, Р.Србија
Семинар, 12.06.2024
„КОМУНИКАЦИЈА ЗА УСПЕХ, РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ И СТРЕС МЕНАЏМЕНТ НА РАБОТНОТО МЕСТО“
Семинар, 13.06.2024
НАПРЕДЕНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ ЗА БРЗО КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network
Семинар, 18.06.2024
ЕРГОНОМИЈА КАКО ОСНОВА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ОД МУСКУЛОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА
Семинар, 18.06.2024
КАКО ДА КРЕИРАТЕ РАЗЛИЧНИ CONTENT ФОРМАТИ ЗА ВАШИТЕ УСЛУГИ?