Семинар 11.06.2024 - 12.06.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022

„онлајн“-семинар 09:00 - 13:00 часот


Во ера на дигитализација на работните процеси, дигиталната безбедност и приватноста се соочуваат со растечки предизвици. Оттука, несомнено се наметнува потребата од фокус врз дигиталната безбедност и врз навременото идентификување, пресретнување, како и соодветно и навремено одговарање на ризиците, за да се спречи одреден настан кој би имал негативен исход врз работењето на компанијата.
Компаниите кои се сертифицирани по ISPO/IEC 27001 стандардот за управување со безбедноста на информациите, во насока на обезбедување на континуитет во нивното работење треба да поведат внимание при ресертификација на стандардот, бидејки истата од 1 мај 2024 година ќе мора да се спроведе според новата верзија ISO/IEC 27001:2022. 
За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија на 11 и 12 јуни 2024 година организира „онлајн“ семинар на тема „САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022“.

Овој семинар ќе им овозможи на учесниците постепено да се запознаат со барањата на ISO/IEC 27001:2022 кои се разликуваат во однос на барањата на стандардот ISO/IEC 27001:2013, како и со најдобрите практики во рамки на ИТ безбедноста, чекорите кон превенција и заштита, како на ниво на компанија, така и на ниво на поединец.

Некои од прашањата на кои ќе се даде одговор се и како адекватно да се третираат ИТ заканите, кои превентивни и детективни мерки треба да се применат, како да се класифицираат безбедностните ризици и како да се управува со нив, кои се разликите помеѓу ISO/IEC 27001:2013 и ISO/IEC 27001:2022, што се’ носи новата верзија на стандардот и како да се имплементираат барањата кои произлегуваат од стандардот.

Семинарот е наменет за ИТ-менаџери во компании, за раководители и вработени во сектори за управување со усогласеност (compliance) со стандарди и регулаторни барања, ИТ служби и служби за безбедност на информациониот систем, одговорни лица за заштита на деловните податоци и управување со оперативните ризици, интерни и екстерни ревизори, лица задолжени за креирање и контрола на ИТ договори и следење на ризици над екстернализираните ИТ процеси, вработени кои работат на развој на софтвер, деловни и клиентски апликации, вработени во кои сакаат да го зголемат нивото на контрола над своите ИТ процеси или да се бават со развој на нови услуги преку дигитализација на работењето (дигитално работење, мобилни услуги итн.), како и сите кои имаат потреба да заштитат и сочуваат информации за клиентите и работењето поради висок степен на одговорност, регулаторни барања и ризици во секојдневното работење.

Целта на семинарот е учесниците да се стекнат со основно и напредно знаење од областа на управување со информациска безбедност и заштита на податоци, во согласност со барањата на стандардот ISO/IEC 27001:2022 преку разбирање на разликите помеѓу верзијата од 2013 и верзијата од 2022, како и да научат правилно да ги дефинираат и реално да ги проценуваат безбедносните ризици во компанијата.

Напомена: За следење на семинарот потребно се основни познавања на ИТ системите и деловните процеси.
Работен јазик: српски јазик

ПРОГРАМА

  • Новини кои ги носи ISO/IEC 27001    
  • Контролни групи и домени во рамки на стандардот
  • Измени во рамки на контролната група    
  • Главни разлики помеѓу стандардите ISO/IEC 27001:2013 и ISO/IEC 27001:2022
  • Преминување од верзијата 2013 на 2022
  • Преглед на основни барања од стандардот и анализа на новините во верзијата 2022
  • Преглед на контролите кои остануваат непроменети
  • Преглед на контролите кои се мапираат во верзијата 2013 и 2022
  • Детален приказ и анализа на контроли кои се воспоставени во новата верзија на  ISO/IEC 27001:2022    
  • Преглед на контроли кои веќе не се користат во верзијата 2022
  • Процена на ризици и поврзаност со стандардот ISO/IEC 27001:2013 и ISO/IEC 27001
  • Изјава за применливост – SoA (Statement of Applicability)    

Предавач:
Лука Милинковиќ,
Менаџер за безбедност, управување и ризик во компанија за развој и дизајн на софтверски решенија. Милинковиќ има повеќегодишно искуство со контрола и со управување на електронските ризици, со специјализација во областа на дефинирањето на електронските процеси (ITIL-процеси) и на примена на самата контрола. Со информациска безбедност и со едукација се занимава повеќе од 10 години, а за време на тој период има работено и на Електротехничкиот факултет во Белград, како и во неколку банки во Р Србија. Има работено на развој и на примена на безбедносни методи, мрежни технологии и на алгоритми за енкрипција. Автор е на многубројни трудови и учествувал на домашни и на меѓународни научни конференции, а член е и на електронското списание PC Press. Тој, исто така, е сертифициран внатрешен ревизор за управување со ризик ISO/IEC 27001 и ISО 31000.

За сите учесници ќе биде обезбедено следново:    

  • упатства за приклучување на виртуелниот семинар;
  • работни материјали во електронска верзија;
  • eлектронски сертификат за учество на семинарот.    

Сите заинтересирани за учество на овoj виртуелен семинар можат да се пријават најдоцна до 07.06.2024 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 28.05.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 29.05.2024
Еднодневна онлајн работилница на тема: ВО КОИ СИТУАЦИИ ГОДИШНИОТ ОДМОР СЕ ДОИСКОРИСТУВА ДО 30-ТИ ЈУНИ? ОД КОГА ЗАПОЧНУВА ДА ТЕЧЕ НОВИОТ ОДМОР? КОГА СЕ ПРЕСМЕТУВА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ОДМОР? ДАЛИ РАБОТОДАВАЧОТ ТРЕБА ДА ИСПЛАТИ НАДОМЕСТОК
Семинар, 04.06.2024
„СКЛУЧУВАЊЕ НА ПРОДАЖНИ ПРЕГОВОРИ И НИВНА РЕАЛИЗАЦИЈА“
Семинар, 11.06.2024
ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, РАБОТНО ВРЕМЕ, НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕКУВРЕМЕНАТА РАБОТА И ПРЕРАСПОРЕДУВАЊЕ, ГОДИШЕН ОДМОР, НАДОМЕСТ НА ПЛАТА, ДИЛЕМИ ПРИ ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ СО КОИ СЕ СОЧУВАМЕ СО НАЈНОВИТЕ ПРЕДЛОЗИ ЗА ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ
Семинар, 11.06.2024
Специјалистички еднодневен семинар: АКВИЗАЦИЈА НА НОВИ КЛИЕНТИ - СТЕКНУВАЊЕТО НА НОВИ ПОТРОШУВАЧИ КАКО КЛУЧНА МОЖНОСТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРОДУКТИВНОСТА -
Семинар, 11.06.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Брокерски настан, 12.06.2024
Деловни средби со физичко присуство „Овозможување на напредок: Индустрија 4.0 во Западен Балкан-12-13 јуни 2024 година, Нови Сад, Р.Србија
Семинар, 12.06.2024
„КОМУНИКАЦИЈА ЗА УСПЕХ, РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ И СТРЕС МЕНАЏМЕНТ НА РАБОТНОТО МЕСТО“
Семинар, 13.06.2024
НАПРЕДЕНИ ЕКСЕЛ АЛАТКИ ЗА БРЗО КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network
Семинар, 18.06.2024
ЕРГОНОМИЈА КАКО ОСНОВА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ОД МУСКУЛОСКЕЛЕТНИ ЗАБОЛУВАЊА
Семинар, 18.06.2024
КАКО ДА КРЕИРАТЕ РАЗЛИЧНИ CONTENT ФОРМАТИ ЗА ВАШИТЕ УСЛУГИ?