Семинар 19.04.2024 КАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ОСНОВОТ ЗА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НАСПРОТИ ПРИЧИНИ НА ВИНА)? ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОБРАЗЛОЖИ ОТКАЗОТ КОЈ ЕДНОСТРАНО ГО ДАВА РАБОТНИКОТ?НА КОИ ЕЛЕМЕНТИ МОРА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕТО НА СПОГОДБА?

Онлајн семинар



Стопанската комора на Северна Македонија, на 19.04.2024 година, организира еднодневна онлајн работилница со фокус на престанок на работниот однос, при што ќе се одговори на прашањата наведени уште во насловниот дел, како едни од најчесто поставуваните: Како да се определи основот за отказ од страна на работодавачот (лични причини наспроти причини на вина)? Дали е потребно да се образложи отказот кој еднострано го дава работникот? На кои елементи мора да се внимава при склучувањето на спогодба за престанок на работен однос? Дали таа мора да биде потпишана своерачно на денот на престанокот? Кога треба да се спроведе дисциплинска постапка?.

Ќе се разговара за спогодбен престанок на работниот однос, наспроти неговиот престанок по волја на една од договорните страни преку отказ од страна на работникот или од страна на работодавачот. Во поглед на отказот од работодавачот, особено ќе се анализираат основите за отказот, и ќе се направи обид да се разјасни како да се препознае најсоодветниот основ и како потоа тој да се образложи.

Дополнително, ќе се развие дискусија и по однос на прашањата за отказните рокови, суспензијата од работа, како и паричната казна наместо отказ.

Работилницата ќе биде особено насочена кон севкупно информирање на слушателите за сите аспекти на дисциплинската постапка, условите и методите за нејзино спроведување, последователните дејствија по нејзиното заклучување, а ќе биде потенцирана и важноста од подготовката и примената на интерен акт за дисциплинска постапка.

Заради сеопфатност на темата, ќе се дискутира и за некои од останатите законски предвидени основи за престанок на договорот за вработување.

ПРОГРАМА

I.    НАЧИНИ НА ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
·    Престанување на важноста на договорот за вработување на определено работно време;
·    Престанување на важноста на договорот за вработување поради смрт на работникот,
      односно работодавачот (физичко лице);
·    Престанување на важноста на договорот за вработување поради поведување
     постапка за престанок на работодавачот;
·    РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО СПОГОДБА.

II.    ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ОТКАЗ ОД СТРАНА НА
      РАБОТНИКОТ И РАБОТОДАВАЧОТ

·    Дозволеност, причина и обврска за докажување на основ за отказ;
·    Форма, содржина и врачување на отказ;
·    Основани и неосновани причини за отказ;
·    Понуда на нов променет договор пред отказ;

·    ЛИЧНИ ПРИЧИНИ
·    Постапка пред и за време на откажување на договорот за вработување од лични
     причини на страна на работникот;
·    Услови.

·    ПРИЧИНИ НА ВИНА
·    Откажување на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со и без отказен рок.

III.    ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС
·    Отстранување од работа од кај работодавачот до донесување на одлука за отказ
      на договорот за вработување;
·    Парична казна;
·    Форма и донесувач на одлуката за откажување на договорот за вработување,
     односно на одлуката за паричната казна.
·    ОТКАЗНИ РОКОВИ
·    Отказни рокови: минимални отказни рокови, течење на отказен рок, паричен
      надоместок наместо отказен рок;
·    Права и обврски на страните за време на отказниот рок;
·    Други основи за престанок на договорот за вработување.

·    ПРИГОВОР ПРОТИВ ОДЛУКА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
     СО И БЕЗ ОТКАЗЕН РОК.

·    ЗАСТАРЕНОСТ

·    ДРУГИ ОСНОВИ ЗА ПРЕСТАНОК НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
·    Отказ од работодавачот и работникот поради причини во чл. 99 и чл. 100 од ЗРО, судска пресуда.

IV.    ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
·    Законска регулатива;
·    Основи и услови за спроведување дисциплинска постапка – кршење на работен ред и дисциплина.

·    ПОДГОТОВКА НА ИНТЕРЕН АКТ ЗА СПРОВЕДВАЊЕ НА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА
·    Елементи на интениот акт;
·    Услови, начин и претпоставки за спроведување дисциплинска постапка.

Предавач:
-    Викторија Спасовска – Симоноска, адвокат,предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата и
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 17.04.2024 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 17.04.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б средби што ќе се одржат на 25. Меѓународен економски саем Мостар 2024 година, на 17 и 18 април 2024 година во хибриден формат (на лице место и онлајн) - ЕЕН мрежа
Семинар, 17.04.2024
МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?
Семинар, 17.04.2024
ВЛИЈАНИЕ НА ХЕМИСКИ ШТЕТНОСТИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНО МЕСТО
Конференција, 17.04.2024
„InterConnect“ B2B SME Matchmaking Conference 2024
Семинар, 18.04.2024
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ И ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА – ПРИПРЕМАЊЕ, ОБРАБОТКА И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО ЗА ПОДДРШКА ПРИ НОСЕЊЕ ИНФОРМИРАНИ ОДЛУКИ НА ДРУШТВОТО
Конференција, 18.04.2024
ПИТ Северна Македонија 2024: Lean. Green. Digital.
Семинар, 18.04.2024
КОИ УТВРДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ БИЗНИС ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ПОДЛЕЖАТ НА ПРЕКРШОЧНА ОДРЕДБА- ГЛОБА?-ОПШТИ И ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА ХРАНА И ХИГИЕНА НА ХРАНА-
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан
Online Бизнис средби, 19.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност, градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Семинар, 19.04.2024
КАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ОСНОВОТ ЗА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НАСПРОТИ ПРИЧИНИ НА ВИНА)? ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОБРАЗЛОЖИ ОТКАЗОТ КОЈ ЕДНОСТРАНО ГО ДАВА РАБОТНИКОТ?НА КОИ ЕЛЕМЕНТИ МОРА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕТО НА СПОГОДБА?
Саем, 19.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024”, Хановер, Германија, 22-25 април 2024, со физичко присуство - ЕЕН мрежа
Семинар, 19.04.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 22.04.2024
„КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ“
Семинар, 29.04.2024
-Суспензија на работник до конечна  судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници
Семинар, 14.05.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Повик, 15.05.2024
Повик за грантови за енергетска ефикасност за МСП до 10.000 евра - EENergy повик https://eenergy.grantplatform.com, Enterprise Europe Network
Брокерски настан, 16.05.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б состаноци од области на синиот раст, заштита на животната средина, одржлив туризам и социјална кохезија, во Шибеник, Хрватска на 16.05.2024 година
Семинар, 30.05.2024
КАКО ОД КОНФЛИКТ ДО СОРАБОТКА: СТРАТЕГИИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО ТИМОВИ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network