Семинар 18.04.2024 КОИ УТВРДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ БИЗНИС ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ПОДЛЕЖАТ НА ПРЕКРШОЧНА ОДРЕДБА- ГЛОБА?-ОПШТИ И ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА ХРАНА И ХИГИЕНА НА ХРАНА-

Онлајн семинар



Стопанската комора на Северна Македонија, на 18 април 2024 година, организира еднодневна работилница на тема: “ГЛОБА – кои утврдени недостатоци при инспекциски надзор кај бизнис оператори со храна подлежат на прекршочна одредба- глоба ? Општи и посебни барања за храна и хигиена на храна.
Целта на работилницата е бизнис операотори кои се занимаваат со производство, промет, дистрибуција на храна да се запознаат со прекршочните одредби од Законот за безбедност со храна согласно најновите измени во прекршочните одредби во измените од Законот за безбедност на храна. Кои утврдени недостатоци подлежат на инспекциска мерка – опомена, кои инспекциски акти се преземаат за различно констатирани неусогласености, порамнување односно прекршочни одредби изрекување на глоби согласно големина на правниот субјект.
Ќе се разговара за општите барања за храна во примарно производство како и општи и посебни хигиенски барања за хигиена на храна, дизајн и план на објектите за производство и промет со храна, барања во однос на вработени лица, заштита од штетници,  средства за транспорт, тестирање на примероци, контролни листи, материјали и производи кои доаѓаат во контакт со храна и многу други прашања во врска со безбедност на храна. 

ПРОГРАМА:
1. ОПШТИ БАРАЊА ЗА ПРИМАРНОТО ПРОИЗВОДСТВО И ПРИДРУЖНИТЕ  ОПЕРАЦИИ ВО ВРСКА СО ПРИМАРНОТО ПРОИЗВОДСТВО
2. ОПШТИ БАРАЊА ЗА ХИГИЕНА НА ХРАНАТА ЗА СИТЕ ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА

-    Објекти за производство и промет на храна;
-    Дизајн и план на објект;
-    Регистрација на објекти и оператори со храна;
-    Потребни документи за регистрација;
-    Подвижни и/или привремени објекти;
-    Транспортните средства;
-    Предмети, уреди и опрема со кои храната доаѓа во контакт;
-    Отпадоците од храна вода за пиење.

3. БАРАЊА ЗА ВРАБОТЕНИ ЛИЦА 

-    Здравствена состојба;
-    Стручна подготовка.

4. КОНТРОЛА НА ШТЕТНИЦИ 

5. БАРАЊА ЗА ДОБАВУВАЧИ И СЛЕДЛИВОСТ 
 -  Документи за набавка;
 -  Проверени добавувачи; 
 -  Следливост.

6. ПРИМЕНА НА ДПП/ДХП ( НАССР)
 -  Процедури за ДПП/ДХП;
 - Сопствен план за анализа. 

7. КОНТРОЛНИ ЛИСТИ 

8. ГЛОБА - ИЗМЕНИ ВО ПРЕКРШОЧНИТЕ ОДРЕДБИ СОГЛАСНО ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
- Постапка за изрекување на опомена;
- Постапка за порамнување;
- Прекршочни одредби – висина на глоба за различни видови на прекршоци во зависност од големината на правниот субјект.
Предавач: 
ТАЊА РИСТЕВСКА- дипл.земјоделски инжинер, стручен соработник при контрола на додатоци на исхрана и нивно презентирање, претставување и рекламирање за комерцијални цели.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
Инструкции за приклучување на „онлајн“-работилницата;
Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа онлајн работилница можат да се пријават најдоцна до 16.4.2024 година.

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 17.04.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б средби што ќе се одржат на 25. Меѓународен економски саем Мостар 2024 година, на 17 и 18 април 2024 година во хибриден формат (на лице место и онлајн) - ЕЕН мрежа
Семинар, 17.04.2024
МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?
Семинар, 17.04.2024
ВЛИЈАНИЕ НА ХЕМИСКИ ШТЕТНОСТИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНО МЕСТО
Конференција, 17.04.2024
„InterConnect“ B2B SME Matchmaking Conference 2024
Семинар, 18.04.2024
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ И ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА – ПРИПРЕМАЊЕ, ОБРАБОТКА И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО ЗА ПОДДРШКА ПРИ НОСЕЊЕ ИНФОРМИРАНИ ОДЛУКИ НА ДРУШТВОТО
Конференција, 18.04.2024
ПИТ Северна Македонија 2024: Lean. Green. Digital.
Семинар, 18.04.2024
КОИ УТВРДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ БИЗНИС ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ПОДЛЕЖАТ НА ПРЕКРШОЧНА ОДРЕДБА- ГЛОБА?-ОПШТИ И ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА ХРАНА И ХИГИЕНА НА ХРАНА-
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан
Online Бизнис средби, 19.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност, градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Семинар, 19.04.2024
КАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ОСНОВОТ ЗА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НАСПРОТИ ПРИЧИНИ НА ВИНА)? ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОБРАЗЛОЖИ ОТКАЗОТ КОЈ ЕДНОСТРАНО ГО ДАВА РАБОТНИКОТ?НА КОИ ЕЛЕМЕНТИ МОРА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕТО НА СПОГОДБА?
Саем, 19.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024”, Хановер, Германија, 22-25 април 2024, со физичко присуство - ЕЕН мрежа
Семинар, 19.04.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 22.04.2024
„КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ“
Семинар, 29.04.2024
-Суспензија на работник до конечна  судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници
Семинар, 14.05.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Повик, 15.05.2024
Повик за грантови за енергетска ефикасност за МСП до 10.000 евра - EENergy повик https://eenergy.grantplatform.com, Enterprise Europe Network
Брокерски настан, 16.05.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б состаноци од области на синиот раст, заштита на животната средина, одржлив туризам и социјална кохезија, во Шибеник, Хрватска на 16.05.2024 година
Семинар, 30.05.2024
КАКО ОД КОНФЛИКТ ДО СОРАБОТКА: СТРАТЕГИИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО ТИМОВИ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network