Семинар 12.04.2024 НАЈЧЕСТИ ПРЕДИЗВИЦИ СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ И ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ВО ПРАКСА И ПРАВНА ЗАШТИТА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

Сала 4 на 5-ти кат, Стопанска комора С.Македонија



Семинарот на тема: „Најчести предизвици со кои се соочуваат економските оператори и договорните органи во пракса и правна заштита во јавните набавки“, има за цел да ги опфати сите поединечни фази и сегменти во спроведувањето на јавните набавки, при што фокусот ќе биде ставен на пропустите кои ги прават договорните органи при изготвувањето на тендерската документација, евалуацијата на понудите, како и предизвиците со кои се соочуваат економските оператори во пракса.
Цел на семинарот:

Семинарот има за цел да даде практичен придонес во правилното спроведување на јавните набавки како и дилемите кои се јавуваат во секојдневното спроведување на јавните набавки и изготвувањето на понудите од страна на економските оператори, како и истите ќе се детектираат преку споредување на дадените позитивни законски решенија со посебен акцент на примери од праксата
Всушност, овој пристап на учење на економските оператори ќе им помогне да бидат поконкурентни на пазарот на јавни набавки, а на договорните органи ќе им овозможи навремено да ги отстранат сите ризици кои би можеле да го попречат успешното спроведување на постапките за јавни набавки.
Целна група: економските оператори и договорните органи.
Обуката е наменета за сите економски оператори – приватни компании кои учествуваат или имаат интерес да учествуваат на постапките за јавни набавки, како и за договорните органи кои од друга страна се заинтересирани за добивање на најдобра понуда при набавката на стоки, услуги и работи. 

ПРОГРАМА:

Модул 1: Предизвици со кои се соочуваат договрните органи при изготвување на тендерската документација 

  • Услови за квалитативен избор на економските оператори и докажување на способноста преку примери и пракса;
  • Изготвување на техничка спецификација;
  • Средства за обезбедување;

Модул 2: Најчести пропусти по фазите од постапката за јавна набавка (најчесто користените) и пропусти кои ги прават економските оператори при изготвување на понудите

  • Набавка од мала вредност;
  • Поедноставена отворена постапка;
  • Отворена постапка;

Модул 3: Правилна евалуација на понудите

  • Како се докажува способноста на економските оператори?
  • Што е дозволено да се дополнува и појаснува од понудувачите при евалуација на понудите?
  • Како се утврдува невообичаено ниска цена;
  • Користење способност од други субјекти (групна понуда, поддршка и подизведување);
  • Критериуми за избор на најповолна понуда со посебен осврт на бодување на квалитетот-што е дозволено за бодување на квалитетот;

Модул 4: Правна заштита

  • Право на жалба и странки во жалбената постапка;   
  • Правила за докажување; 
  • Изјавување жалба и рокови за изјавување жалба; 
  • Битни повреди на законот и други повреди на законот и материјалните  
  • Прописи;  
  • Креирање на е-жалба;
  • Одлуки на Државната Комисија за жалби по јавни набавки.

Предавач:

Савка Нејковска-Тасева – вработена во Државната комисија за жалби по јавни набавки, со повеќегодишно искуство во областа на јавните набавки и сертифициран обучувач од областа на јавните набавки.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:    
- електронски работен материјал; 
- ручeк и освежување; 
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за присуство на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 9 април 2024 година. 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 17.04.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б средби што ќе се одржат на 25. Меѓународен економски саем Мостар 2024 година, на 17 и 18 април 2024 година во хибриден формат (на лице место и онлајн) - ЕЕН мрежа
Семинар, 17.04.2024
МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?
Семинар, 17.04.2024
ВЛИЈАНИЕ НА ХЕМИСКИ ШТЕТНОСТИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНО МЕСТО
Конференција, 17.04.2024
„InterConnect“ B2B SME Matchmaking Conference 2024
Семинар, 18.04.2024
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ И ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА – ПРИПРЕМАЊЕ, ОБРАБОТКА И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО ЗА ПОДДРШКА ПРИ НОСЕЊЕ ИНФОРМИРАНИ ОДЛУКИ НА ДРУШТВОТО
Конференција, 18.04.2024
ПИТ Северна Македонија 2024: Lean. Green. Digital.
Семинар, 18.04.2024
КОИ УТВРДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ БИЗНИС ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ПОДЛЕЖАТ НА ПРЕКРШОЧНА ОДРЕДБА- ГЛОБА?-ОПШТИ И ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА ХРАНА И ХИГИЕНА НА ХРАНА-
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан
Online Бизнис средби, 19.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност, градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Семинар, 19.04.2024
КАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ОСНОВОТ ЗА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НАСПРОТИ ПРИЧИНИ НА ВИНА)? ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОБРАЗЛОЖИ ОТКАЗОТ КОЈ ЕДНОСТРАНО ГО ДАВА РАБОТНИКОТ?НА КОИ ЕЛЕМЕНТИ МОРА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕТО НА СПОГОДБА?
Саем, 19.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024”, Хановер, Германија, 22-25 април 2024, со физичко присуство - ЕЕН мрежа
Семинар, 19.04.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 22.04.2024
„КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ“
Семинар, 29.04.2024
-Суспензија на работник до конечна  судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници
Семинар, 14.05.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Повик, 15.05.2024
Повик за грантови за енергетска ефикасност за МСП до 10.000 евра - EENergy повик https://eenergy.grantplatform.com, Enterprise Europe Network
Брокерски настан, 16.05.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б состаноци од области на синиот раст, заштита на животната средина, одржлив туризам и социјална кохезија, во Шибеник, Хрватска на 16.05.2024 година
Семинар, 30.05.2024
КАКО ОД КОНФЛИКТ ДО СОРАБОТКА: СТРАТЕГИИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО ТИМОВИ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network