Промоција 12.04.2024 ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ

Универзитет „Св. Кирил и Методиј”- Скопје Кампус Општествени науки



Во насока на афирмирање на образовниот процес и кариерниот развој на студентите и нивното приближување до идните работодавачи, Советот за унапредување на високото образвание и стратешки истражувања во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје и Центарот за кариера на УКИМ, Ве покануваме да земете активно учество на настанот „Ден за кариерен развој“  што ќе се одржи на 12 април 2024 година, од 11:00 - 15:00 часот на платото на кампусот на факултетите за општествени науки на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Во годината кога двете инситутции одбележуваат значајни јубилеи, 75 години постоење на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје и 102 години од основањето на Стопанската комора на Северна Македонија, преку настанот Ден за кариерен развој имаме за цел да ги доближиме компаниите до студентите, проширувајќи ги нивните кариерни можности. На овој настан, компаниите имаат можност за остварување на директен контакт со студентите и презентирање на своите можности за вработување и практиканство за време и по завршување на студиите, со што ќе ги мотивираме и поттикнеме студентите во нивниот понатамошен кариерен развој.
Секоја од компаниите учеснички на настанот добива свој простор за презентација.
Програмата е надополнета со едукативни сесии што ќе донесат дополнителна вредност за студентите посетители. Фокусот е на теми кои имаат за цел да го олеснат процесот на преминување од академската во бизнис средината, како подготовка на професионално CV, избор на соодветна професија, создавање на мрежа на познанства и многу повеќе.
На настанот, студентите ќе можат да креираат професионално CV со кое ќе можат веднаш да аплицираат на штандовите на компаниите.
Исто така, ќе биде овозможено и кариерно советување од страна на Асоцијацијата на кариерни советници.
Ќе биде овозможено и фотографирање со Photo Booth, за целосно комплетирање на професионалното CV на секој студент.
 
Како можете да се вклучите?
 
Направете го вашиот придонес во едукацијата и подготовката на новите работни сили на пазарот!
Искористете ја можноста да ја презентирате Вашата компанија пред студентите од Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
 
•    Ваш презентациски простор – штанд со димензии 100cm x 100cm x 50cm
 
Секој штанд содржи:

  • Инфопулт
  • Држач за лифлети
  • Маса со 2 столчиња
  • Струјна инсталација до секој штанд, тројка кабел
  • Корпа за ѓубре
  • Простор од 4 m2 (2 x 2m) за банер, реквизити и промотивен материјал за презентација на компанијата

 
Брендирањето на штандовите го прави самата компанијата учесник

  • Презентација на Вашата компанија на социјалните мрежи на УКИМ
  • Огласи за практиканство и вработување на социјалните мрежи на факултетите на УКИМ/
     
  • Котизација за учество изнесува: 25.000 денари + ДДВ

Поканата се смета за прифатена со потврда на e-mail најдоцна до 22 март 2024 година (петок).
 
Плаќањето ќе се изврши врз основа на издадена фактура од страна на организаторт.

Вашата пријава за интерес може да ја доставите на следниве контакти:

-    М-р Михајло Донев, е-маил: mihajlo@mchamber.mk, 
тел. 02 32 44 067 од Стопанската комора на Северна Македонија 
-    М-р Маријана Цветковска, маил: centarzakariera@ukim.edu.mk, 
тел.071 249 248 од Центарот за кариера;
-    Проф.д-р Јасмина Тониќ Рибарска, маил: centarzakariera@ukim.edu.mk од Центарот за кариера.


Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067


Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 17.04.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б средби што ќе се одржат на 25. Меѓународен економски саем Мостар 2024 година, на 17 и 18 април 2024 година во хибриден формат (на лице место и онлајн) - ЕЕН мрежа
Семинар, 17.04.2024
МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?
Семинар, 17.04.2024
ВЛИЈАНИЕ НА ХЕМИСКИ ШТЕТНОСТИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНО МЕСТО
Конференција, 17.04.2024
„InterConnect“ B2B SME Matchmaking Conference 2024
Семинар, 18.04.2024
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ И ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА – ПРИПРЕМАЊЕ, ОБРАБОТКА И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО ЗА ПОДДРШКА ПРИ НОСЕЊЕ ИНФОРМИРАНИ ОДЛУКИ НА ДРУШТВОТО
Конференција, 18.04.2024
ПИТ Северна Македонија 2024: Lean. Green. Digital.
Семинар, 18.04.2024
КОИ УТВРДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ БИЗНИС ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ПОДЛЕЖАТ НА ПРЕКРШОЧНА ОДРЕДБА- ГЛОБА?-ОПШТИ И ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА ХРАНА И ХИГИЕНА НА ХРАНА-
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан
Online Бизнис средби, 19.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност, градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Семинар, 19.04.2024
КАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ОСНОВОТ ЗА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НАСПРОТИ ПРИЧИНИ НА ВИНА)? ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОБРАЗЛОЖИ ОТКАЗОТ КОЈ ЕДНОСТРАНО ГО ДАВА РАБОТНИКОТ?НА КОИ ЕЛЕМЕНТИ МОРА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕТО НА СПОГОДБА?
Саем, 19.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024”, Хановер, Германија, 22-25 април 2024, со физичко присуство - ЕЕН мрежа
Семинар, 19.04.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 22.04.2024
„КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ“
Семинар, 29.04.2024
-Суспензија на работник до конечна  судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници
Семинар, 14.05.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Повик, 15.05.2024
Повик за грантови за енергетска ефикасност за МСП до 10.000 евра - EENergy повик https://eenergy.grantplatform.com, Enterprise Europe Network
Брокерски настан, 16.05.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б состаноци од области на синиот раст, заштита на животната средина, одржлив туризам и социјална кохезија, во Шибеник, Хрватска на 16.05.2024 година
Семинар, 30.05.2024
КАКО ОД КОНФЛИКТ ДО СОРАБОТКА: СТРАТЕГИИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО ТИМОВИ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network