Семинар 12.03.2024 - 14.03.2024 Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

Стопанска комора на С.Македонија



    Со цел зајакнување на врските помеѓу пазарот на труд и вештините на младите што се развиваат преку образовниот систем, неопходно е зајакнување на соработката помеѓу работодавачите и училиштата. Се` поголем е интересот на компаниите да обучат ученици - идни вработени согласно нивните потреби, а идните учениците да се стекнат со соодветни вештини, да бидат поконкурентни на пазарот на труд и да најдат соодветно вработување согласно стручната подготовка.          
    Согласно законската регулатива, а и Вашиот искажан интерес за вклучување во процесот на практично обучување на ученици -  дуалното образование,  врз основа на кој беше и подготвен конкурсот за упис на ученици во стручните училишта, неопходно е да имате обучено лице – ментор кое ќе ги води учениците низ процесот на практичната работа во компанијата. Со постоењето на обучени ментори во компании ќе се подобри квалитетот на соработката со училиштата и ќе се постигне поефективна практична обука на учениците.            
  За таа цел, Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со Министeрството за образование и наука го отпочнува процесот на сертифицирање на ментори во вашите компании и верификација на институции со предавачи кои се советници од Центарот за стручно образование. 

    Ве информираме дека тридневната обуката за лицето - ментор од вашата компанија ќе се одржи од 12-14.03.2024 година и за таа цел Ве молиме навремено да ни ја доставите пополенета пријавата која Ви ја доставуваме во прилог. 

    По завршување на процесот на сертификација на ментор, започнува процесот на верификација на вашата компанија за практична обука (сертифицираниот ментор е еден од критериумите за верификација).


ЦЕЛ НА ОБУКАТА ЗА МЕНТОРИ:

    Целта на оваа програма е да се развијат знаења, вештини, способности, ставови и вредности, односно компетенции кои треба идните обучувачи (во натамошниот текст: ментори) да ги поседуваат за да можат да работат со ученици/учесници  кои изведуваат практична обука кај работодавач, вклучувајќи ги и компетенциите за работа со ученици/учесници со различна попреченост.

    По успешно завршување на Програмата за стручно-дидактичка обука, менторот стекнува знаења, вештини и се оспособува да:

-    го познава образовниот систем, регулативите и одговорностите на учениците/учесниците во обуката;
-  им дава поддршка, да ги мотивира и да придонесува за целосно прифаќање и вклучување во активностите на практичната обука на сите ученици/учесници без разлика на нивната етничка, културна припадност и  нивната попреченост;
-  има сознанија како да комуницира соодветно на возрасната група и како јасно да комуницира со учениците/учесниците со различна попреченост;
-    изработува план за остварување на целите од Програмата за практична обука;
-    ги следи, евидентира и да ги оценува учениците/учесниците во текот на практичната обука;
-  креира безбедно работно место и безбедна работна средина за обука на учениците/учесниците во обуката;
-    врши обука на наставниците по стручно-теоретските предмети и практичната обука кај работодавачот;
-    изработува семинарска работа за планирање на целите од Програмата за практична обука.

* Наставниот план и програма за стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука ги одобри (донесе) министерот за образование и наука со Решение број 17-8909/1 од 9.6.2016 година.

Информации за организираноста на обуката:

•    времетраење на обуката: три дена во траење од вкупно 22 часа;
•   по завршување на обуката, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за успешно завршена стручно-дидактичка обука на обучувачите од работодавачите кај кои се реализира практичната обука, издаден од Стопанската комора на Северна Македонија и Центарот за стручно образование и обука;
•    обезбеден работен материјал кој ќе ви биде доставен на маил;

Обуката е задолжителна, бројот на местата е органичен и затоа ве молиме вашата пријава да ја доставите најдоцна до 8.3.2024 година.
 

Агенда на настанот

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 17.04.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б средби што ќе се одржат на 25. Меѓународен економски саем Мостар 2024 година, на 17 и 18 април 2024 година во хибриден формат (на лице место и онлајн) - ЕЕН мрежа
Семинар, 17.04.2024
МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?
Семинар, 17.04.2024
ВЛИЈАНИЕ НА ХЕМИСКИ ШТЕТНОСТИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНО МЕСТО
Конференција, 17.04.2024
„InterConnect“ B2B SME Matchmaking Conference 2024
Семинар, 18.04.2024
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ И ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА – ПРИПРЕМАЊЕ, ОБРАБОТКА И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО ЗА ПОДДРШКА ПРИ НОСЕЊЕ ИНФОРМИРАНИ ОДЛУКИ НА ДРУШТВОТО
Конференција, 18.04.2024
ПИТ Северна Македонија 2024: Lean. Green. Digital.
Семинар, 18.04.2024
КОИ УТВРДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ БИЗНИС ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ПОДЛЕЖАТ НА ПРЕКРШОЧНА ОДРЕДБА- ГЛОБА?-ОПШТИ И ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА ХРАНА И ХИГИЕНА НА ХРАНА-
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан
Online Бизнис средби, 19.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност, градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Семинар, 19.04.2024
КАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ОСНОВОТ ЗА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НАСПРОТИ ПРИЧИНИ НА ВИНА)? ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОБРАЗЛОЖИ ОТКАЗОТ КОЈ ЕДНОСТРАНО ГО ДАВА РАБОТНИКОТ?НА КОИ ЕЛЕМЕНТИ МОРА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕТО НА СПОГОДБА?
Саем, 19.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024”, Хановер, Германија, 22-25 април 2024, со физичко присуство - ЕЕН мрежа
Семинар, 19.04.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 22.04.2024
„КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ“
Семинар, 29.04.2024
-Суспензија на работник до конечна  судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници
Семинар, 14.05.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Повик, 15.05.2024
Повик за грантови за енергетска ефикасност за МСП до 10.000 евра - EENergy повик https://eenergy.grantplatform.com, Enterprise Europe Network
Брокерски настан, 16.05.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б состаноци од области на синиот раст, заштита на животната средина, одржлив туризам и социјална кохезија, во Шибеник, Хрватска на 16.05.2024 година
Семинар, 30.05.2024
КАКО ОД КОНФЛИКТ ДО СОРАБОТКА: СТРАТЕГИИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО ТИМОВИ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network