Семинар 18.03.2024 Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

Стопанска комора на С.Македонија, сала 1 на 5-ти кат



Стопанската комора на Северна Македонија на 18 март 2024 година (понеделник) организира еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА. 
Контролата на квалитетот е еден од клучните сегменти со кои се остварува управувањето со квалитетот, која вклучува инспекција на производот со цел да се обезбеди усогласеност со стандардите за квалитет. Денес, на светскиот пазар, квалитетот, особено храната, игра витална улога во освојувањето на нови пазари и зачувување на постоечките. Во глобалната економија, производите и услугите треба да бидат најдобри, а квалитетот станува стратешки критериум на пазарот на конкурентноста.
Квалитетот на храната и неговото влијание врз здравјето на луѓето доведе до зголемен интерес кај потрошувачите за безбедноста на храната, поради што се воведени системи за квалитет, како што се: GLOBALGAP, HACCP, ISO 9000, ISO 22000, BRC, IFS и други. Со развивање на стандарди и систем за квалитет и безбедност во примарната земјоделска и прехранбено-преработувачката индустирија се занимаваат сите развиени земји во светот, но се повеќе и земјите од нашиот регион кои се стремат да станат членки на ЕУ, бидејќи трговските синџири ги прифаќаат стандардите за храна кои важат во ЕУ, и самото нејзино пласирање на пазарот нема да биде возможно без стандардизирани и сертифицирано производство. 
Применувајќи ги принципите на добрата земјоделска практика (GAP), добрата производна и хигиенска практика (GMP, GHP), како и системот за управување со безбедноста на храната, производителите на храна ги контролираат ризиците за безбедноста на храната долж целиот синџир на производство и снабдување со храна, од фарма до трпеза. 
Стандардите обезбедуваат збир на принципи за управување со активности поврзани со производството на храната, согласно важечките законски регулативи, со цел обезбедување на квалитетни и безбедни производи, кои ги исполнуваат барањата и потребите кај потрошувачите. 

Целта на семинарот:
     За да одредени прехранбени производи се пласираат и да бидат конкурентни на светскиот пазар потребно е:
•  Да се обезбеди усогласеност со правилата кои се однесуваат на одредени производ;
•  Усогласување на производните процеси во согласност со добрата земјоделска практика (GAP) и добрата производна практика (GMP) и воспоставување HACCP систем;
• Усогласување со квалитетот и безбедноста во земјоделското и прехранбено-преработувачкото производство, согласно меѓународните стандарди и законски регулативи;
Главните причини за воведување на стандардите и системот за квалитет и безбедност се:
- Исполнување на потребите, желбите и очекувањата на потрошувачите;
- Намалување на појавата на болести предизвикани од храна;
- Обезбедување и снабдување на населението со здравствено-безбедни прехранбени 
производи;
- Создавање можности за освојување на нови пазари и зголемување на конкурентноста на компаниите на домашниот и светскиот пазар;
- Овозможување поефективна и поефикасна работа на прехранбените претпријатија;
- Подобрување на квалитетот и безбедноста на храната и исполнување на потребните законски услови;
- Зајакнување на довербата на потрошувачите,
- Поефикасно воведување на нови технолошки процеси и развој на нови производи;
- Зголемување на ефикасноста на трошоците и подобрување на статусот и имиџот на компанијата;
- Остварување поголем профит.
За кого е наменет семинарот?
Семинарот е наменет за менаџери, шефови, лидери или вработени, одговорни за примена на барањата за контрола на квалитетот и безбедноста при производство на храна, во организации од прехранбениот сектор.

ПРОГРАМА

  • Храна и видови на прехранбени производи;
  • Ризици при производство на храна;
  • Квалитет на храна;
  • Безбедност на храна;
  • Управување со квалитетот и безбедноста на храната;
  • Стандардизација на прехранбените производи;
  • Барањата на Светската трговска организација (WTO), Интернационалната; организација за стандардизација (ISO) и Европската унија (EU);
  • Законски регулативи на прехранбени производи;
  • Контрола на квалитетот и безбедноста на прехранбените производи.

Предавач: 

Проф. д-р ФРОСИНА БАБАНОВСКА-МИЛЕНКОВСКА, доктор по земјоделски науки на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, Институт за храна, Катедра за преработка на овошје и зеленчук. 
Предходно работно искуство и во приватен сектор како, Генерален директор во Интерхолмак и Комерцијалист во Холмак, Скопје, Македонија, компанија која се занимава со  трговија на големо и мало  Има учествувано на национални и меѓународни научно-истражувачки проекти од областа на преработката на овошјето и зеленчукот и квалитетот и безбедноста на храната, превентивно здравство. Одржани обуки, предавања надвор од наставната програма за студентите, на бројни работилници и школи за едукација на лица кои се од пракса, во областа на преработка на овошје и зеленчук, имплементација на HACCP систем и квалитет и безбедност на храна. Автор и коавтор на интерни скрипти, практикуми, стручни текстови и брошура од областа на преработката на овошје и зеленчук и квалитет и безбедност на храна како и на голем број научно-истражувачки трудови објавени во меѓународни стручни и научни списанија. 

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

  • Електронски работен материјал; 
  • Сертификат за присуство на семинарот;
  • Ручек, кафе и освежување за време на паузите.

Рок за пријавување: 14 март 2024 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 17.04.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б средби што ќе се одржат на 25. Меѓународен економски саем Мостар 2024 година, на 17 и 18 април 2024 година во хибриден формат (на лице место и онлајн) - ЕЕН мрежа
Семинар, 17.04.2024
МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?
Семинар, 17.04.2024
ВЛИЈАНИЕ НА ХЕМИСКИ ШТЕТНОСТИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНО МЕСТО
Конференција, 17.04.2024
„InterConnect“ B2B SME Matchmaking Conference 2024
Семинар, 18.04.2024
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ И ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА – ПРИПРЕМАЊЕ, ОБРАБОТКА И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО ЗА ПОДДРШКА ПРИ НОСЕЊЕ ИНФОРМИРАНИ ОДЛУКИ НА ДРУШТВОТО
Конференција, 18.04.2024
ПИТ Северна Македонија 2024: Lean. Green. Digital.
Семинар, 18.04.2024
КОИ УТВРДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ БИЗНИС ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ПОДЛЕЖАТ НА ПРЕКРШОЧНА ОДРЕДБА- ГЛОБА?-ОПШТИ И ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА ХРАНА И ХИГИЕНА НА ХРАНА-
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан
Online Бизнис средби, 19.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност, градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Семинар, 19.04.2024
КАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ОСНОВОТ ЗА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НАСПРОТИ ПРИЧИНИ НА ВИНА)? ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОБРАЗЛОЖИ ОТКАЗОТ КОЈ ЕДНОСТРАНО ГО ДАВА РАБОТНИКОТ?НА КОИ ЕЛЕМЕНТИ МОРА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕТО НА СПОГОДБА?
Саем, 19.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024”, Хановер, Германија, 22-25 април 2024, со физичко присуство - ЕЕН мрежа
Семинар, 19.04.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 22.04.2024
„КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ“
Семинар, 29.04.2024
-Суспензија на работник до конечна  судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници
Семинар, 14.05.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Повик, 15.05.2024
Повик за грантови за енергетска ефикасност за МСП до 10.000 евра - EENergy повик https://eenergy.grantplatform.com, Enterprise Europe Network
Брокерски настан, 16.05.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б состаноци од области на синиот раст, заштита на животната средина, одржлив туризам и социјална кохезија, во Шибеник, Хрватска на 16.05.2024 година
Семинар, 30.05.2024
КАКО ОД КОНФЛИКТ ДО СОРАБОТКА: СТРАТЕГИИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО ТИМОВИ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network