Семинар 19.03.2024 CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД

сала 1, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија



Еднодневниот семинар се фоксуира на едукација на посетителите како најдобро да го совладаат и имплементираат процесот на „Content Writing“ во нивното работење. Семинарот има за цел да ги запознае посетителите со процесот на изработка на содржина во краток и долг формат, да даде препораки за поефикасно самостојно пишување и пишување со поддршка на алатки базирани на вештачка интелигенција. По завршувањето на семинарот, посетителите ќе имаат основни познавања за клучните сегменти на Content Writing-от, ќе  бидат опремени со сет на алатки и познавања со кои самостојно ќе можат да креираат содржина за нивните брендови.  

Семинарот е наменет за претставници на маркетинг и PR секторите во компаниите, кои се лично одговорни за креирање на содржина за дигитални комуникациски канали или креирање на содржина во соработка со маркетинг агенција.

Во денешницата во која доминира дигиталната комуникација, пишувањето содржини игра клучна улога во обликувањето на онлајн присуството на брендот и поврзувањето со неговата целна публика. Добро изработената и релевантна содржина не само што ги поврзува брендот и неговите потрошувачи, туку и воспоставува кредибилитет, доверба и авторитет во индустријата. 

Потрошувачите сè повеќе бараат вредна и информативна содржина, а само брендовите кои инвестираат во висококвалитетни содржини можат ефективно да се издвојат од конкурентите.  Дополнително, онлајн пребарувачите како Google даваат приоритет на свежа и корисна содржина, правејќи го пишувањето содржина од суштинско значење за подобрување на видливоста на пребарувачот севкупната препознатливост и достапност на брендот до неговата целна публика. Пишувањето и редовно објавување на содржина повеќе не е прашање, туку неопходност за секој бренд кој сака да оствари квалитетно онлајн присуство.

На овој семинар ќе бидат дискутирани можностите за развивање на содржина за куси и долги формати (long-form, short-form), алатки кои можат да го направат процесот на пишување побрз и поефикасен, сѐ со цел унапредување на квалитетот на содржината креирана од страна на посетителите.

Семинарот е на почетничко ниво – за посетители кои не се запознаени со тематиката или имаат само мало почетно знаење.

ПРОГРАМА

ПРВ ДЕЛ: Запознавање со Content Writing
•    Дефинирање на поим
•    Запознавање со основи на Content Writing
•    Copywriting vs. Content Writing
•    Content Writing како дел од Content Marketing стратегија

ВТОР ДЕЛ: Процес на развој: short-form Content Writing
•    Практична вежба: Изработка на текст за LinkedIn објава
•    Анализа на креирани решенија
•    Content Writing начин на размислување („мајндсет“)
•    Подготовка на долгорочен Content план

ТРЕТ ДЕЛ: Процес на развој: long-form Content Writing
•    Пронаоѓање на „content-gap“
•    Дефинирање на потреби на целна персона
•    Дефинирање на клучни зборови
•    Создавање на содржина
•    Практична вежба: Анализа на креирани блог-објави

ЧЕТВРТИ ДЕЛ: Употреба на вештачка интелегенција во Content Writing
•    Презентирање на алатки за Content Writing
•    Презентирање на алатки за SEO на содржини
•    Практична вежба: Тестирање на алатки 
•    Анализа на креирани решенија

Предавач:   

Ива Дујак e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Основач и директор на маркетинг агенцијата MOVEMENT, маркетинг експерт со повеќе од 14 години работно искуство во развој на стратегии и кампањи за бројни интернационални и локални брендови. Автор на наградуваните блогови This is Not a Social Meda Blog и Skopje Casual, организатор на Creative Talks Mk, со искуство во предавање на тема маркетинг и дигитален маркетинг на Економскиот Факултет Скопје, Економски Факултет Штип, бројни невладини организации и академии.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-    работни материјали во електронска верзија;
-    ручeк и освежување; 
-    сертификат за учество на семинарот.

Последен рок за пријавување: 15.3.2024 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Online Бизнис средби, 17.04.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б средби што ќе се одржат на 25. Меѓународен економски саем Мостар 2024 година, на 17 и 18 април 2024 година во хибриден формат (на лице место и онлајн) - ЕЕН мрежа
Семинар, 17.04.2024
МОТИВАЦИЈА И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ – КАКО СО Gen Z?
Семинар, 17.04.2024
ВЛИЈАНИЕ НА ХЕМИСКИ ШТЕТНОСТИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ И БЕЗБЕДНОСТА НА РАБОТНО МЕСТО
Конференција, 17.04.2024
„InterConnect“ B2B SME Matchmaking Conference 2024
Семинар, 18.04.2024
ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ И ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА – ПРИПРЕМАЊЕ, ОБРАБОТКА И ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД РАБОТЕЊЕТО ЗА ПОДДРШКА ПРИ НОСЕЊЕ ИНФОРМИРАНИ ОДЛУКИ НА ДРУШТВОТО
Конференција, 18.04.2024
ПИТ Северна Македонија 2024: Lean. Green. Digital.
Семинар, 18.04.2024
КОИ УТВРДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ПРИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР КАЈ БИЗНИС ОПЕРАТОРИ СО ХРАНА ПОДЛЕЖАТ НА ПРЕКРШОЧНА ОДРЕДБА- ГЛОБА?-ОПШТИ И ПОСЕБНИ БАРАЊА ЗА ХРАНА И ХИГИЕНА НА ХРАНА-
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан
Online Бизнис средби, 19.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност, градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Семинар, 19.04.2024
КАКО ДА СЕ ОПРЕДЕЛИ ОСНОВОТ ЗА ОТКАЗ ОД СТРАНА НА РАБОТОДАВАЧОТ (ЛИЧНИ ПРИЧИНИ НАСПРОТИ ПРИЧИНИ НА ВИНА)? ДАЛИ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОБРАЗЛОЖИ ОТКАЗОТ КОЈ ЕДНОСТРАНО ГО ДАВА РАБОТНИКОТ?НА КОИ ЕЛЕМЕНТИ МОРА ДА СЕ ВНИМАВА ПРИ СКЛУЧУВАЊЕТО НА СПОГОДБА?
Саем, 19.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024”, Хановер, Германија, 22-25 април 2024, со физичко присуство - ЕЕН мрежа
Семинар, 19.04.2024
ПРИМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНСКИТЕ ПРОПИСИ ПРИ ЗАВЕДУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ГОДИШЕН ОДМОР, РЕШЕНИЈА ЗА ГОДИШНИ ОДМОРИ И РЕШЕНИЈА ЗА ПРОПОРЦИОНАЛЕН ДЕЛ ОД ГОДИШНИОТ ОДМОР ПРЕКУ ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ, ИСКУСТВА И СЛУЧАИ ОД ПРАКСА
Семинар, 22.04.2024
„КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ЗА УСПЕХ ВО БИЗНИСОТ“
Семинар, 29.04.2024
-Суспензија на работник до конечна  судска одлука; - Прекувремена работа; - Право на дополнителна работа; - Одлагање од извршување на конечна одлука до донесување на судска одлука; - Празници, слободни денови и исплата на дневници
Семинар, 14.05.2024
САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ - ТРАНЗИЦИЈА ОД  ISO/IEC 27001:2013 на ISO/IEC 27001:2022
Повик, 15.05.2024
Повик за грантови за енергетска ефикасност за МСП до 10.000 евра - EENergy повик https://eenergy.grantplatform.com, Enterprise Europe Network
Брокерски настан, 16.05.2024
Покана за учество на меѓународни Б2Б состаноци од области на синиот раст, заштита на животната средина, одржлив туризам и социјална кохезија, во Шибеник, Хрватска на 16.05.2024 година
Семинар, 30.05.2024
КАКО ОД КОНФЛИКТ ДО СОРАБОТКА: СТРАТЕГИИ ЗА КОМУНИКАЦИЈА ВО ТИМОВИ
Конференција, 13.06.2024
Конференција и деловни средби: Продлабочување на економската соработка меѓу Грција и Северна Македонија
Брокерски настан, 18.06.2024
Покана за учество на брокерски настан “Tech4SmartCitie” - https://tech4smartcities-2024.b2match.io/ на 18 јуни 2024 година, Брисел, со физичко присуство - Enterprise Europe Network