Семинар 22.02.2024 КАКО РАБОТОДАВАЧИТЕ ДА ГИ УНАПРЕДАТ РАБОТНИТЕ ОДНОСИ И ДА СПРЕЧАТ РАБОТНИ СПОРОВИ ПРЕКУ УПОТРЕБА НА ИНДИВИДУАЛИЗИРАНИ И ПРЕЦИЗНИ ИНТЕРНИ ПРАВИЛНИЦИ

Онлајн семинар



Стопанската комора на Северна Македонија, на 22.2.2024 година, организира еднодневна онлајн работилница на тема: „Како работодавачите да ги унапредат работните односи и да спречат работни спорови преку употреба на индивидуализирани и прецизни интерни правилници“. 

Донесувањето на интерни правилници е од огромно значење за работодавачите со цел максимално приспособување на законската регулатива на конкретните потреби на дејноста која ја извршуваат. Ваквите правилници овозможуваат одредени области од работењето да се дефинираат, прецизираат и доуредат, со што и за работодавачите и за работниците се обезбедува поголема сигурност во нивните меѓусебни односи, а превентивно се влијае и на спречување на потенцијални спорови. 

На работилницата, преку интерактивен пристап и одговор на прашањата и дилемите на слушателите, најпрво ќе се дискутира за важноста на правилниците, при што ќе се посочат дел од материите кои можат со нив да бидат регулирани. Потоа, со особено внимание ќе се анализираат следните области кои е вообичаено да бидат предмет на обработка во интерен акт: работен ред и дисциплина и спроведување дисциплинска постапка – како најширока основа за регулирање на посакуваното однесување на работното место и последиците од однесувањето спротивно на тоа; годишен одмор – како тема која секогаш е актуелна, како и прашањето за уредување на односите меѓу работодавачот и работникот по повод упатување на обука и вршење пробна работа. 

При анализата, ќе се посочат примери на елементи на правилниците, ќе се објасни како истите да се подготват и спроведат, и како работниците да бидат навремено и целосно информирани за истите.


ПРОГРАМА

I.    ОПШТИ НАПОМЕНИ ЗА ВАЖНОСТА НА ПРАВИЛНИЦИТЕ ВО РАБОТНИОТ ПРОЦЕС И ПРИМЕРИ
      ЗА ТОА ШТО МОЖЕ СО НИВ ДА СЕ УРЕДИ

II.    ПРАВИЛНИК ЗА ГОДИШЕН ОДМОР
-    Дефинирање на правото на годишен одмор (Определување за секој вработен одделно, стекнување право за цел годишен одмор, пропорционален дел од годишен одмор, користење годишен одмор, потврда за искористен годишен одмор, надоместок за неискористен годишен одмор);
-    Елементи на интерниот акт ;
-    Граници на можност за приспособување на интерниот акт на потребите на работниот процес.

III.    УПАТУВАЊЕ РАБОТНИЦИ НА ОБУКА
-    Континуирано обучување;
-    Образование на работниците-основ за платено отсуство;
-    Дефинирање видови на обуки;
-    Начин на одлучување кој ќе посетува обуки;
-    Валоризација на обуките и склучување посебен договор.

IV.    ПРОБНА РАБОТА
-    Договорање пробна работа;
-    Времетраење и надоместок;
-    Отказен рок за време на пробна работа;
-    Специфичности на пробна работа при вршење сезонска работа.

ПРЕДАВАЧ: 

-    Викторија Спасовска – Симоноска, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од облигационото, деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Напатствија за приклучување на онлајн работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на оваа ОНЛАЈН работилница можат да се пријават најдоцна до 20.02.2024 година.


 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан