Брокерски настан 15.04.2024 Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија

Виена, Австрија



                                                         

ПОКАНА

за меѓународни деловни средби

GreenTech Days meet Future of Building 2024

Денови на зелени технологии-Иднината на градежниот сектор“

(од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата)

https://www.b2match.com/e/meet4business-megra-2024

од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија

*(со физичко присуство на 17 април 2024 и

виртуелно присуство на 18 и 19 април 2024 година)

 

Австриската Федерална Стопанската Комора, како дел од ADVANTAGE AUSTRIA go-international, на иницијатива на Австриското сојузно Министерство за труд и економија, во соработка со Стопанската Комора на Северна Македонија преку ЕЕН–Европската мрежа на претприемачи, Ве покануваат да земете учество на „Денови на зелени технологии/Иднината на градежниот сектор“ - “GreenTech Days meet Future of Building 2024”, што ќе се одржат од 17 и 19 април 2024 во Виена, Австрија.

На настанот ќе присуствуваат компании и експерти од над 80 националности и истиот има за цел да придонесе кон вмрежување на проекти и производи во области од еколошката технологија, обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и зелената градба.

Главни теми на настанот:

  • Животна средина: управување со отпад, рециклирање, од отпад до енергија, ефикасност на ресурсите, управување со вода, снабдување со вода, третман на отпадни води, системи за филтрирање.
  • Енергија: хидро, ветерна, соларна, фотоволтаична и геотермална енергија, биомаса, биогорива, биогас, топлински пумпи, водород, складирање на енергија.
  • Енергетска ефикасност/Зелени градби: услуги за планирање, архитектура, урбанистичко планирање, градежна технологија, енергетски ефикасни згради, градежни материјали, изолациски материјали.
  • Градежништво/инфраструктура: врвни достигнувања во градежништвото и инфраструктурата, вклучувајќи најсовремени градежни материјали, иновативни методи на градба, стратегии за планирање насочени кон иднината, интеграција на роботиката, техники на градење дрво, интердисциплинарни соработки и многу повеќе.

Мрежата на ADVANTAGE AUSTRIA и нејзините партнери ги зближуваат странските купувачи и австриските експерти, што го прави овој настан значаен, особено преку платформата за зајакнување на интернационализацијата на австриските зелени-технолошки сектори, можности за извоз и деловни контакти ширум светот.

Настанот се одржува со физичко присуство на 17 април 2024 г., во Австриската Федерална Стопанска Комора, но и виртуелно присуство на 18 и 19 април 2024 година преку следната платформа: https://gtdmeetfob2024.b2match.io/.

Регистрацијата за учество на билатералните средби е задолжителна и бесплатна, со рок за пријавување до 15 април 2024 година на следниот линк https://gtdmeetfob2024.b2match.io/signup, а трошоците за патување, сместување се на товар на учесниците.

Работен јазик е англискиот јазик.

Агенда на настанот Пријавете се тука

Контакт лица:

Ирена Мојсовска
++ 389 2 3244009

Кристина Кузеска
++ 389 2 3244019

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан