Семинар 27.02.2024 КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ  РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ И ПОСТАПКАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА, ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА И ИЗРЕКУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ, ПРАВО НА ПРИГОВОР И СУДСКА ЗАШТИТА

Сала 4 на 5-ти кат, Стопанска комора С.Македонија



Во организација Стопанската комора на Северна Македонија, на 27 февруари 2024 година ќе се организира еднодневен  семинар на тема: КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ И ПОСТАПКАТА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА, ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА И ИЗРЕКУВАЊЕ ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ, ПРАВО НА ПРИГОВОР И СУДСКА ЗАШТИТА.

Организираност и придобивки од семинарот:

Овој еднодневен семинар е организиран по принцип на интерактивна обука, со цел  учесниците низ предавања и практични примери од пракса да се стекнат со нови и да ги унапредат постојните знаења во областа на работните односи, поконкретно за видовите на договори, кршењето на работниот ред и дисциплина како предуслов за отказно решение, правна заштита, дисциплинска пшостапка, како и право на приговор и судска заштита. 


За кого е наменет семинарот?

Семинарот е наменет за сите вработени во правните служби во јавниот и приватниот сектор, адвокатите и правни практичари кои работат во областа на трудовото законодавство, менаџери во компаниите, управители на друштва, вработени во секторите за управување со човечки ресурси, како и за сите останати кои сакаат да го усовршат и надградат своето знаење или истото да го потврдат во делот на работните спорови, низ призма на искуството на правни практичари.

ПРОГРАМА:

-    Уредување на работните односи;
-    Договор за вработување на определено време; 
-    Начини на престанување на важноста на договоорот за вработување;
-    Основни причини за отказ;
-    Кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски од страна на работникот;
-     Застареност;
-    Форма и содржина на отказот;
-    Постапка за откажување на договорот за вработување;            
-    Дисциплинска постапка и изрекување дисциплински мерки;
-    Правна заштита; 
-    Право на приговор;    
-    Судска заштита;
-    Процесни аспекти во судска постапка,
-    Анализа на судска пракса.    


Предавачи:

-    Судија Лидија Димова (во пензија), работното искуство го започнува во 1983 година како приправник и стручен соработник во поранешниот во тогаш специјализираниот суд за работно право - Суд на здружен труд - Скопје, одделение Велес. Во 1986 е избрана за судија во Основниот суд Велес од кога се до 2019 година (кога е избрана за Претседател на Основниот суд Велес) во континуитет како граѓански судија постапува и по предмети од работни односи. Како Претседател на судот заминува во пензија во декември 2023 година. Од 2006 година од кога е основана Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ Скопје, таа е редовен и сега актуелен предавач на континуирана и почетна обука на теми и од областа на работни односи. На покана на Комората на извршители, Нотарската Комора, Здружение на правници и други организатори, предавач е и од областа на работни односи и други области од граѓанското право.

-    М-р Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија Лазаров од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

•    работен материјал доставен електронски; 
•    ручeк и освежување; 
•    сертификат за присуство на семинарот.     

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 22.02.2024 година.
 

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова
++ 389 2 3244074

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан