Семинар 29.02.2024 ОД ДОБАР КОН ИЗВОНРЕДЕН ТРЕНЕР – ВЕШТИНИ ЗА ВОДЕЊЕ НА ОБУКА (ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ)

сала 1, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија



Во еден динамичен деловен свет, ефективната комуникација и споделувањето на знаењето несомнено стануваат водечки фактори за стекнување на конкурентска предност, како во бизнисот така и на пазарот на трудот.    

Организација која учи и се адаптира на брзите промени во современиот деловен свет е онаа организација во која вработените континуирано стекнуваат нови знаења, ги пренесуваат во своите тимови и ги применуваат во работењето при што квалитетот на производите и услугите се зголемува.  
Во насока на следење на актуелните трендови во делот на обука и развој, Стопанската комора на Северна Македонија на 29 февруари 2024 година организира обука на тема: „ОД ДОБАР КОН ИЗВОНРЕДЕН ТРЕНЕР – ВЕШТИНИ ЗА ДРЖЕЊЕ НА ОБУКА“ (ОБУКА ЗА ОБУЧУВАЧИ) која има за цел да ги развие вештините за водење на ефективни и влијателни обуки. Без разлика дали немате искуство, а би сакале да држите обука или пак веќе сте држеле обука, но сакате да ги подобрите вашите вештини, придужете ни се на патувањето „од добар кон инзвонреден тренер“.   

Оваа обука е дизајнирана да ги развие и подобри вашите способности како тренер, способности да креирате и испорачувате влијателни тренинг сесии кои оставаат позитивен импакт на учесниците.

Оваа обука е наменета за широк спектар на работни улоги кои имаат допирни точки со обука, развој, едукација, менторство: HR професионалци, корпотативни тренери, консултанти, едукатори, инструктори, претприемачи итн.  

Што ќе добиете од оваа обука?

  • Подобрување на вашите вештини за водење на обука: усовршете ги вашите вештини за водење обука преку сеопфатни модули кои ги покриваат принципите на учење, ефективна комуникација и напредни техники за фацилитација.
  • Зајакнување на самодовербата: стекнете самодоверба да држите внимание, да управувате со групната динамика и да се справите со предизвикувачки ситуации, со што ќе бидете поефективен тренер.
  • Интерактивно учење: динамична и интерактивна средина за учење, која ќе ви овозможи веднаш да ги примените новите техники и да добивате повратни информации. 
  • Можности за вмрежување: Поврзете се со професионалци и истомисленици, поттикнувајќи заедница за поддршка, соработка и размена на идеи.  
  • Отклучете го целосниот потенцијал на вашите способности за извонреден тренер, подигнете ги вашите вештини за држење на обука на повисоко ниво и направите разлика во вашиот и професионалниот развој на другите.  

ПРОГРАМА:

I.    Разбирање на процесот на учење:

  • Принципи на учење кај возрасни
  • Стилови и преференции на учење
  • Мотивирање на возрасни учесници во обука

II.    Ефективни комуникациски вештини:

  • Вербална и невербална комуникација
  • Техники за активно слушање
  • Повратна информација и конструктивна критика

III.    Дизајнирање на програми за обука:

  • Проценка на потребите и целите на обуката
  • Развивање јасни резултати од учењето
  • Структурирање на содржината за обука

IV.    Креирање на интерактивни материјали за обука:

  • Визуелни помагала и мултимедија
  • Интерактивни активности и вежби
  • Материјали и ресурси

V.    Фасилитаторски техники:

  • Динамика и управување на групата
  • Справување со „предизвикувачки“ учесници
  • Поттикнување на учество и дискусија

VI.    Управување со времето:

  • Планирање и темпо на тренинг сесиите
  • Одвојување време за различни активности
  • Справување со неочекувани нарушувања

VII.    Евалуација:

  • Креирање ефективни евалуациони форми
  • Повратни информации и стратегии за подобрување

VIII.    Прилагодување на различна публика:

  • Прилагодување на обука за различни ученици
  • Чувствителни теми во обуката
  • Адресирање на различни потреби за учење

IX.    Вештини за градење доверба и презентација:

  • Надминување на стравот од сцената
  • Подобрување на вештините за јавно говорење
  • Проектирање доверба и ентузијазам

Предавач:
д-р Сања Николиќ Блажевска
поседува уникатен спој на академска експертиза и богато практично искуство во областа на човечки ресурси и развој на таленти. Таа поседува долгогодишно искуство во банкарскиот сектор и други индустрии во делот на регрутација, обука, кариерен развој, корпоративна култура, ангажираност и добросостојба на вработените. Во моментот е ангажирана како HR менаџер, но нејзината страст е пренесување на стекнататото знаење и искуство на другите со цел да помогне во достигнување на кариерните аспирации. Како тренер, верува во изреката „покажи ми и ќе запомнам“ па нејзините обуки се одликуваат со многу практични вежби, примери, студии на случај и други методи на примена на стекнатите знаења.             

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
-    работни материјали во електронска верзија;
-    ручeк и освежување; 
-    сертификат за учество на семинарот.

Сите заинтересирани за учество  да се пријават најдоцна до 26.2.2024 година.

Агенда на настанот Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан