Семинар 28.02.2024 Напредени Ексел алатки за брза обработка на податоците

Онлајн семинар



Напредните алатки на Ексел, како што се копирања и “полнења“ (filling) , напредни и флеш “полнења“, работа со серии, референцирање на келии, “говоречки“ келии, работа со повеќе страници (sheets) истовремено и нивно следење, како и макро функциите спаѓаат во најважните алатки со кои максимално се забрзува работењето во Ексел. 
Во свет во кој сме постојано опкружени со податоци, бројки, трендови и статистики, неопходно е да ги разбираме и да бидеме способни да ги користиме напредните алатки за брза обработка и анализа на податоците.
Научете како Екселот работи во шеста брзина!
Користејќи макроа, Вашите извештаи сега ги правите за дел од секунда!

Обуката е наменета за корисници на Ексел на средно и повисоко ниво и сите оние коишто сакаат да научат како да:
-    Препознаваат ситуации во кои примената на напредни Ексел алатки може да помогне во процесот на
     одлучување; 
-    Да спроведуваат едноставна анализа во пракса користејќи MS Excel и на тој начин да издвојуваат
     дополнителни информации од собраните податоци; 
-    Интерпретираат различни нумерички податоци прикажани во деловните извештаи или критички да
     пристапат во вреднувањето на статистичките податоци пред носењето на деловни одлуки.

     Содржина на обуката:
-    Напредни и брзи полнења на базите на податоци; 
-    Работа со sheets & worksheets;
-    Работа и споредба на повеќе sheets истовремено;
-    Креирање “макроа“.

На основа на “живи“ примери се објаснуваат опциите во Excel:
•    Copying and Filling;
•    Advanced Fills;
•    Filling Series;
•    Flash Fill;
•    Cell Reference;
•    Speak Cells;
•    Viewing worksheets;
•    Custom Views;
•    Adjusting worksheets;
•    Working with worksheets;
•    Compare two sheets;
•    View files side by side;
•    Macros;
•    Tips & tricks (трикови).
Краен резултат: Максимално забрзување на изготвување на анализи!

Предавач:
 
Проф.д-р Зоран Ивановски, редовен професор на Eкономскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, реномиран регионален стручњак од областа на финансискиот менаџмент и предавач со долгогодишно искуство во земјата и странство. Во својата долгогодишна универзитетска кариера бил на раководни факултетски и универзитетски позиции како Ректор на Европскиот универзитет – Република Македонија, Проректор на Европскиот универзитет – Република Македонија и Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, декан на Економски факултет при Европскиот универзитет – Република Македонија, визитинг професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Универзитетот “Свети Апостол Павле“ во Охрид и на Економскиот факултет на Универзитетот во Валенсија, Шпанија. Покрај универзитетската кариера предава на обуките за брокери и за инвестициски советници организирани од Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Успешно раководи со првата бизнис клиника во нашата земја “Business Clinic DB”.
Повеќе од 20 години реализира обуки за бизнис секторот во земјата и во странство.
Автор е на голем број универзитетски учебници и научни трудови објавени во списанија индексирани во реномирани бази на податоци.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
-    Инструкции за приклучување на онлајн-работилницата;
-    Работни материјали во електронска верзија.

Сите заинтересирани за учество на овој онлајн семинар можат да се пријават најдоцна до 26.2.2024 година. 
 

Пријавен лист

Контакт лица:

м-р Анита Митревска
++ 389 2 3244057

м-р Михајло Донев
++ 389 2 3244067

Стопанска комора на Северна Македонија,
ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13,
1000 Скопје
Контакт центар: (02) 15015

КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Семинар, 12.03.2024
Тридневна „онлајн“ обука за:СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ  ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ
Семинар, 18.03.2024
Еднодневен семинар на тема: КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА ПРИ ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА
Семинар, 19.03.2024
CONTENT WRITING - КАКО ДА КРЕИРАТЕ НАЈЕФИКАСНА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД
Семинар, 20.03.2024
ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР И ЗАКОНОТ ЗА ПРЕКРШОЦИ-Правата и обврските на субјектите на надзор при спроведување на инспекциски надзор, посебни дејствија во инспекциска постапка
Семинар, 21.03.2024
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗА ЕФИКАСНО ЛИДЕРСТВО
Семинар, 28.03.2024
ДЕТАЛЕН ОПИС НА ПОСТАПКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА СТАВАЊЕ ВО ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА
Саем, 08.04.2024
ПОКАНА за учество на саем и Б2Б „Денови на технологија и деловна соработка 2024 година“ - “Technology & Business Cooperation Days 2024” (xибриден настан), Хановер, Германија, 9-25 април 2024 - ЕЕН мрежа
Повик, 10.04.2024
Повик за учество за Национална награда за компании со најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работа (БЗР) за 2024 година
Брокерски настан, 15.04.2024
Меѓународни деловни средби “GreenTech Days meet Future of Building 2024” од областа на животната средина, енергијата, енергетската ефикасност градежништвото и инфраструктурата, од 17-19 април 2024 година, (xибриден настан), Виена, Австрија
Online Бизнис средби, 18.04.2024
Меѓународни деловни средби “Meet4Business MEGRA 2024” во областа на градежништво, архитектура и енергија, од 18-19 април 2024 г., Горна Радгона, Р. Словенија, xибриден настан